РИБАРО
Мора да направиме нешто од немај-каде, мои без идејни несреќници. „Отворен ден – предложи ја твојата идеја“, ќе ја крстиме кампањата со која као ќе собираме идеи од граѓаните кои би ги реализирале ако се дочепаме до власт, им се обратил Мицкоски на блиските соработници во белата палата на вмровците, јавуваат извори на АХА.
Ние, како што знаете, рекол Мицкоски, ѝ онака нема да се приграбиме до власта уште којзнае колку време, но мора да правиме нешто за да одвлечеме внимание од куршлусот што им го наглавивме на граѓаниве со Данела и политичките утки што ги приредуваме во сите општини каде имаме градоначалници.
„Мора да спасуваме жива глава, драги мои неспособњаковиќи. Бидејќи ЕУРЕКА – мене ми текна дека ништо не ми текнува, а вие сте тука само за парада и приказ, па нека му ја мислат граѓаните. Што да не?!
Ако не паднат на тоа, пошто мислам дека веќе нè прочитаа сите, ќе собереме куп партиски војничиња, како што правевме порано со контрапротестите, ќе им пишеме од тука као некоја нивна идеја што имаат да предложат и дец ит – ќе ќариме некој ден во матење празна слама, како што најдобро знаеме.
Ова со молков на скопјани после вакви малтретирања, ми кажува дека уште има надеж за нас, па биле ние и вакви никакви какви што сме, потенцирал Мицкоски, јавува АХА.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK