ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Националистичкиот пуфеж, а не корупцијата или стабилократијата, е најголемиот проблем во оваа земја

December 9, 2022 15:06
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Со години зборуваме дека во оваа земја посредно и непосредно – низ разни политички инсталации – пред сè во ВМРО-ДПМНЕ и Левица – ги работи/обработува Кремљ, ги работат/обработуваат Русите. Убаво ви велевме, со години наназад, ама не сакавте да нè слушнете.

Друго, треба да се разбере дека оваа земја со години е под руско влијание, а нам ни се велеше „дека ја дефокусираме темата од важните проблеми“, па ни се велеше дека „допринесуваме за дополнителни поделби“, па уште ни се велеше дека „ја прикриваме корупцијата“? Зарем не зборувавме со години дека Путин го дестабилизира Западниот Балкан, а потоа ни лепеа етикети дека сме платеници на Западот? (притоа никој да објасни што се подразбира тоа кога се вели „запад“?.)

Зарем слободномислечките интелектуалци, перјаниците на борбата за демократија, самопрогласените морални вертикали и останата флора и фауна во непрегледното македонско мочуриште преполно со медиокритетство и подлост, истите оние кои денес приметуваат дека делови на ВМРО-ДПМНЕ и Левица се под контрола на Русите; едните со волја, а другите без волја гледаат, оти еден добил пари па ги поддржува Русите, друг затоа што е глупав, се обидуваат со години во оваа земја да направат државен удар. Русите оперираат политички кога има хаос, деструкција и мрак, а не кога е светло, чисто и прегледно.

Што направи Арсовска од Скопје? Што направи ВМРО-ДПМНЕ со тој фамозен Ленин во Скопје? Блокада, хаос, лудило. За само една година. На кому тоа му одговара? Па, на Русите, браќа и сестри. Така се прави дефокус од своите свинштини кои ги прават во Украина. Војната и притисокот од светската јавност Путин се обидува да ја пренасочи на Балканот.

Во прашање се нови и инвентивни стратегии на одбрана. А, што, вие мислите дека во оваа земја не е Левица и ВМРО-ДПМНЕ, тие вазалски партии на Русите, туку најголемиот проблем е корупцијата? Ако корупцијата е најважна тема во оваа земја, тогаш, не ми преостанува ништо друго освен да заклучам дека вие верувате – повторно глупаво – дека Руското влијание не ја растура со години нашата земја, туку ја растурала корпцијата?

Па, можно ли е да верувате во тие глупости? За да воспоставиш корупција, тебе ти треба време на власт. Тебе ти треба физичка присутност во сите пори на општеството. Кој најмногу и најдолго е пикнат во институциите на системот од ВМРО-ДПМНЕ? Кој најдолго оперира во оваа земја со корупција, подмитување, страв и закани? Кој, откако ќе дојде на власт, марикира територија како куче кога ќе се помоча, па со тоа ја бележи својата територија? Кој најмногу има локални доушници поставени во сите пори од „институциите на системот“?

Може, ли, до толку да сме наивни?

А што велаеа американците со години, „стабилократија е проблем на Балканот“? Што велат експертите, оние домашни и оние од Европските институти – каде, запна, бато, целата работа? Сакате да ме убедите дека овие денешните за ништо не чинат, а оние до вчера денес се добри затоа што се опозиција? Како е возможно, истите луѓе, со истата авторитетна интонација, и со истиот фиктивен авторитет да нè спасуваат oд последиците на претходните акции на спасување?

Сè се тоа дел од страшните деца на Фукујама, да ја парафразирам Емине Смаилбеговиќ во романот „Страшни деца Авеоресови“.

Тој, имено, Фукујама, да потсетиме, го кажа најточното пророштво на историјата. И продолжи да предава, анализира и пророкува како ништо да не се случило. Па стана најголемата икона на шарлатанството.

Во лудачки времиња, невозможно е да се остане неопределен, односно со молчење да си го чуваме задникот и со тоа да ја штитиме страната на пеколот. Мирко Ковач нè предупредуваше во 90-тите дека ќе ни се случи катастрофа: политичка, културна и човечка. Својата храброст ја плати – со крв. А зошто? Затоа што ни напиша книга дека интелектуалците го предадоа своето критичко и рационално предупредување.

Напиша дека националистичкиот пуфеш , а не корупцијата и стабилократија, е најголемиот проблем на овие простори.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕкорупцијанационализамРусијастабилократија

НАЈНОВО

„Македонско најдобро“ – кампања за купување домашни земјоделски производи и преработки

July 5, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

July 5, 2025

Сѐ повеќе земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици при патување во САД

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk