Повторно нешто се придвижи и процесот на проширување на Европската унија доби замав, кажа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен во главниот град на Албанија Тирана, на состанокот на ЕУ со шесторката од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, кои имаат аспирации што поскоро да влезат во Унијата. Таа исто така истакна, што не е прв пат, дека брзината на вклучување зависи од самите кандидати.
Наративите од Тирана во домашната јавност се толкуваат како важни политички сигнали дека ЕУ навистина има сериозни намери околу влезот на земјите од Западен Балкан во ЕУ, но оти тоа не е крај на патот, туку важно придвижување во тој правец.
Во тој контекст како значајано се издвојува што самиот во Тирана првпат се одржа надвор од Европската унија и оти имаше за цел зајакнување на партнерство на ЕУ со Западен Балкан во услови на руска инвазија на Украина
Поранешниот амбасадор Нано Ружин за „Локално“ комнетира дека Самитот во Тирана потврдил дека во време на руско украинската криза и бројни други предизвици со кои се соочува светот но и Балканот, ЕУ демонстрирала дека државите на Западен Балкан остануваат нејзин стратешки интерес, од безбедносен, социјален, политички и економски аспект.
Кризата во Украина само ги придвижи тешките механзими на ЕУ за со уште поголем интерес да се занимава со Западен Балкан, и да влијае во случувањата во регионот во контекст на изнаоѓање мировни излези и соработки, вели Ружин.
„Самитот е еден од низата самити со кој што пред се сака да се покаже дека ЕУ е заинтресирана за проширувањето кон Западен Балкан, и тоа во време кога се случува украинската криза, кога има тензии на релација Белград-Приштина, кои беа и една од главните теми на овој настан, и во време кога Северна Македонија и Албанија го преминаа прагот и се очекува од наша страна да го отвориме Уставот и да ги внесеме Бугарите во преамбулата. Пред се тоа е добра инекција бидејќи по сите лоши вести што стигнуваат и внатре од ЕУ- разни инфлации, очекување на промена на меѓународниот светски поредок, неизвесноста околу Русија, големиот предизвик наречен Кина ….итн, ова е една убава вест, со која што ЕУ дипломатија сака да се пофали дека ете, во такви услови не ги заборава балканските држави”, вели Ружин.
И Германскиот канцелар Олаф Шолц во Тирана изјави дека забележал ново, попозитивно расположение меѓу членките на Европската унија за можноста земјите од Западен Балкан да се приклучат на блокот во споредба со пред неколку години, пред руската инвазија врз Украина.
На самитот ЕУ – Западен Балкан, Фон Дер Лејен порача и дека не е во прашање само руската агресија врз Украина.
„На вас е да одлучите на која страна сте. На страната на демократијата, која е ЕУ, која е ваш пријател и партнер, или сакате да чекорите по друг пат. Тоа се основните прашања за кои ќе разговараме. Забележувам со сите шест земји од Западен Балкан дека членството во ЕУ и Унијата се нивна приоритетна цел и токму тоа го поддржуваме“, рече претседателката на Европската комисија.
Стефан Ристовски од Институотот за европски политики ЕПИ за „Локално“ вели дека Самиот кој се одржа во Тирана е јасен сигнал дека оваа година е зголемен интересот за приближување на регионот кон Европската Унија, особено со оглед на случувањата со Русија и Украина.
„Руската инвазија врз Украина несомнено го зголеми интерестот за политика за проширување кај земјите членки, како моќна алатка преку која ЕУ ги реализира своите гео-стратешки интереси во соседството. Со самото одржување на Самитот на ЕУ за Западен Балкан за прв пат надвор од границите на ЕУ, се смета дека испратија јасна порака дека останува посветена на процесот на проширување. Наративите на европските лидери, како и самата декларацијата од Самитот во Тирана, даваат позитивен тон и ја потенцираат намерата и практичките аспекти за подлабока соработка на ЕУ со земјите од регионот. Евидентно се разгледуваат начини за заедничка соработка и пред полноправно членство. Во секој случај, ќе се очекува од нас да спроведеме реформи за овие верувања да се операционализираат, а секако и да не бидат предмет на блокади од страна на земји-членки“, вели Ристески од ЕПИ.
На самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана беше потпишана Декларација во која ЕУ уште еднаш ја потврдува својата целосна и недвосмислена посветеност на перспективата за членство на Западен Балкан во Европската Унија и повикува на забрзување на пристапниот процес заснован на кредибилни реформи од страна на партнерите, фер и ригорозни услови, како и принципот на сопствените заслуги.
Македонија во Брисел беше претставувана од премиерот Ковачевски. Тој кажа дека за време на Самитот во Тирана разговарал за актуелните процеси во Македонија, посебно во делот на започнатиот скрининг процес како и за предизвиците со кои се соочуваме.
Македонија во јули ја одржа првата меѓувладина конференција со ЕУ во Брисел, со што официјално беа отворени преговорите за членство. Претходно во текот на летото, ќор-сокакот Бугарија-Северна Македонија беше отстранет со фарнцускиот предлог. Сега во тек е скриниг во Брисел за усогласеноста на македонското законодавство со она на ЕУ , а отворањето на поглавјата може да се случи откако Бугарите ќе бидат внесени во македонскиот Устав, што беше услов од Софија да дозволи старт на преговорите.
Договорени и конкретни чекори – Поевтин роаминг и пари за енергетика
На Самитот во Тирана беа договорени и конкретни чекори.
Телекомуникациските оператори од ЕУ и од Западниот Балкан потпишаа Договор со кој ќе се овозможи намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и регионот од октомври следната година.
„Подготвивме пакет за Западен Балкан кој е одраз на она што го прави ЕУ и кој содржи 500 милиони евра кои земјите од регионот ќе ги искористат за да им помогнат на своите граѓани и бизниси во овие тешки времиња“, рече дер Лејен.
Пакетот содржи уште 500 милиони евра за директни инвестиции во инфраструктурата за зелената енергија на иднината, како што се сончевата и ветерната енергија, во интерконекции, но и во програми во насока на зелен водород.
Овие мерки, како пакетот помош за справување со енергетската криза така и декларацијата за роаминг, па и останатите платформи за соработка веќе беа (во некоја форма) најавени, вели Ристески од ЕПИ и во тој контекст не ги гледа како новитет. Тој вели дека важно е „нивното операционализирање да биде проследено со јасни/јаки механизми на условеност за да го дадат посакуваниот ефект“.
Наглсува дека „Европската Унија посочи дека очекува усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на земјите кои не го сториле тоа до сега“.
Очигледно е дека од ЕУ се прават напори и со практични чекори за да се подобри целиот балкански регион, вели професорот Ружин, според кој зголемниот ангажман во време на поддршката на глобалната политика на ЕУ и на НАТО е кон прашањето за кризата во Украина.
„Знаеме дека се прват исчекори, значи зголемена финасиска помош пред за државите од Западен Балкан , понатаму напори да се подобрат безбедносните аспекти на Западен Балкан – се мисли на односите Приштина- Белград но и на БИХ, на соработката внатре во Балканот преку „Отворен Балкан“, и конечно имаме една поддршка во моменти кога овие држави се солидаризираат со глобалната политика на ЕУ и НАТО кон прашањето за кризата во Украина, со мал исклучок на Србија и на Република Српска. И во таков контекст се отвора простор за натамошна соработка, еве се направи прв исчекор со роамингот следната година уште повеќе да се намали“, вели професорот.
За Ружин охрабрувачки е што ЕУ се ангажираат и за економска соработка, владеење на првото, и во борба против корупцијата, која како што вели останува многу поголема пречка на европскиот пат.
„Дури видовме токму поради тоа прашање и Бугарија и Романија кои се земји членки не добија влез во еврозоната, така што низа настани кои се случија за кој е свесен Брисел и влијаат. Брисел е свесен од една страна дека уште ќе треба да се продлабочуваат одредени критериуми, одредени недоследности на политичките елити на Западен Балкан, а од друга страна демонстрира дека ЕУ е секогаш тука и не го заборава Западен Балкан”, вели Ружин, кој дополнува дека сепак се направени и одредени преседани со давањето на кандидатски статус на Украина.
Како што е позната од земјите во регионот Босна се уште го нема добиено истото признание. Преговорите пак со Србија и Црна Гора траат со години.
М.С.М.
Извор: Локално