ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

НБ: Неповолното надворешно окружување и нагласените ризици налагаат водење исклучително претпазливи домашни политики

December 14, 2022 11:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на монетарната политика, беа разгледани на вчерашната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

На седницата на Комитетот, соопштија денеска од Кабинетот на гувернерот, било одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,50 п.п. до нивото од 4,75 проценти.

– Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Во согласност со зголемувањето на основната каматна стапка, зголемени се и каматните стапки на кредитот преку ноќ. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,50 п.п., се појаснува во соопштението.

Со овие промени, се наведува, Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика, што започна уште од крајот на минатата година, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и на среднорочната ценовна стабилност.

– Од крајот на минатата година, Народната банка активно управуваше со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а од април па наваму и преку зголемување на каматните стапки. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот (од 0,5 отсто), со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем, појаснуваат од Народна банка.

Промените во поставеноста на монетарната политика, стои во соопштението, и понатаму се реакција на инфлацијата, додека девизниот пазар е стабилен.

Во ноември, првпат оваа година, беше прекинат трендот на забрзување на годишната инфлација, под влијание на забавениот раст на прехранбената компонента, а во согласност и со промените на цените на меѓународните пазари. Сепак, ризиците од посилни преносни ефекти врз базичната инфлација од цените на енергијата и на храната, што сè уште постојат, како и подигнувањето на инфлациските очекувања наметнуваат потреба од натамошна монетарна реакција. Со оглед на врзаноста на нашата валута со еврото, соопштија од Народна банка, при одлучувањето влијаат и промените во монетарната политика на Европската централна банка, за којашто се очекува дека ќе продолжи со зголемувањето на каматните стапки во следниот период.

Во однос на најновите показатели, годишната стапка на инфлација во ноември забави на 19,5 проценти, со што просечната годишна инфлација во периодот јануари – ноември 2022 година изнесува 13,8 проценти. И натаму околу 76 проценти од овој раст е директен ефект од растот на цените на прехранбените производи и на енергијата.

– Неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите е нагласена поради воените случувања во Украина и санкциите кон Русија, поради што од исклучителна важност е водењето претпазливи домашни политики и внимателното управување со домашната побарувачка, порачуваат од Народна банка.

Во соопштението од Кабинетот на гувернерот се подвлекува дека домашниот девизен пазар е стабилен, при поголема побарувачка на девизи на корпоративниот сектор, што во голем дел е неутрализирана од поволните движења на менувачкиот пазар и солидната девизна позиција на банките.

– Народната банка речиси и да нема интервенции на девизниот пазар, а девизните резерви од јули наваму бележат постојан раст и се над оцените од последните проекции. Нивото на девизните резерви ги задоволува меѓународните стандарди неопходни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во октомври 2022 година засега е во рамките на очекувањата за четвртиот квартал, според октомвриската проекција, но периодот на оцена е премногу кус за да можат да се изведат попрецизни заклучоци, се наведува во соопштението.

Податоците за менувачкото работење, заклучно со крајот на ноември 2022 година, укажуваат на можност за остварување нето-приливи од приватните трансфери коишто се малку повисоки од очекуваните.

Што се однесува до домашната економска активност, во третиот квартал од годината, според НБ, дојдоа до израз неповолните ефекти од енергетската криза и од растот на трошоците врз одредени сектори од економијата, што доведе до забавен економски раст (2 отсто). Остварувањата во третиот квартал од 2022 година, како и за првите три квартали од годината (раст од 2,7 проценти), се малку подобри од проектираните.

– Расположливите високофреквентни податоци за домашната економска активност во четвртиот квартал се недоволни, но засега се во прилог на очекувањата дека растот ќе забавува до крајот на годината. Така, податоците за октомври покажуваат мал реален годишен пад на прометот во вкупната трговија, наспроти малиот раст во претходниот квартал, и натамошни неповолни движења кај индустриското производство, велат од Народната банка.

Во однос на монетарните движења, според првичните податоци за ноември, кредитната активност и натаму расте, но поумерено и во согласност со очекувањата, додека растот кај депозитите забрзува посилно од очекувањата.

Во ноември, на меѓународните финансиски пазари променливоста е намалена, а пазарните очекувања упатуваат на понатамошно затегнување на монетарната политика од страна на глобалните централни банки. Во САД, посочуваат, заради согледувањата на инвеститорите дека ценовните притисоци во САД се намалени, се зголемија очекувањата за поумерено зголемување на референтната каматна стапка од страна на ФЕД.

Очекувањата на пазарите  во однос на каматната стапка на ЕЦБ, соопштија од НБ, исто така се во насока на нејзино понатамошно зголемување, како одговор на инфлациските притисоци во еврозоната, а при висока неизвесност од идната динамика на глобалните цени на примарните производи.

– Општо земено, неповолното надворешно окружување и нагласените ризици налагаат водење исклучително претпазливи домашни политики. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците. Како и досега, централната банка е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за среднорочна ценовна стабилност, стои во соопштението од Народна банка

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: гувернерНародна банка

НАЈНОВО

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

June 16, 2025

Презентиран Договорот за финансирање на заедничките активности: Владата и донаторите треба зедно да ги дефинираат клучните проекти за граѓаните

June 16, 2025

Родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доставија барање до Основното јавно обвинителство во Кочани за средба со обвинителите

June 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот од видео на Х

    ВИДЕО од ракетите од Иран што паѓаат врз Израел, снимено од пилотска кабина на патнички авион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првпат во историјата жена ќе раководи со Британската разузнавачка служба МИ6

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса кон обединување, Арбен Фетаи во прегратките на Мицкоски, Ахмети со калкулатор во рака за локалните избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk