ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Коалиција Маргини: Репродукција или казна – Како власта ни ја дисциплинира иднината

July 5, 2025 07:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фотомонтажа: Коалиција Маргини

Фотомонтажа: Коалиција Маргини

Share on FacebookShare on Twitter

Реакција на Коалиција Маргини: Да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот.

Текстот го пренесуваме во целост:

„Остро ја осудуваме изјавата на Мицкоски дека „време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе стапуваат во брак, а оние кои што се отселени ќе се вратат“. Ова е далеку од наивна визија, и претставува редефинирање на државата како биополитички проект, во кој државноста се мери преку способноста да се дисциплинира телото, да се контролира приватноста и да се одреди кој живот вреди.

Наместо признание на одговорност, добиваме најава на морален императив, што репродуцира политички цинизам и наводна загриженост што го продолжува насилството врз сите што не се вклопуваат во моделот на „добрата“ држава. За да го наметне падот на наталитетот како најголема закана, Мицкоски ја користи демографијата како алатка за дефокус и релативизирање на дневните трагедии, додека жртвите, болката и гневот што го одбележуваат нашето секојдневие ги сведува на „драматични вести“ што го вознемируваат неговото премиерско спокојство!

Во земја каде што една третина од жените се невработени, каде жени умираат при породување и нивните органи се крадат, каде самохраните мајки се оставени без поддршка, каде ЛГБТИ луѓето, како и сите што живеат надвор од хетеронормативниот модел, немаат ниту елементарно признание и правна можност за градење заедници, каде што сиромаштијата е структурна состојба, а пристапот до труд селективен, исклучувачки и непредвидлив – да се зборува за зголемување на наталитет како политички хоризонт, а не како резултат на веќе постојна нееднаквост, е политичко лицемерие кое не само што не нуди решение, туку го засилува проблемот.

Најавите за даночни санкции за немажени и неженети лица, е познат механизам за статистичко бришење на сиромаштијата и за казнување на оние што не се вклопуваат. Ако животот е прескап, одговорот не е да се смени формулата што го покажува тоа, туку да се промени состојбата што го предизвикува.

Мицкоски нуди логика во која сиромаштијата и животот надвор од конзервативниот фетиш за нуклеарното семејство се повод за вина, поради која овие луѓе треба да се покорат или прилагодат – во име на апстрактен морал што ги негира нивните конкретни животи.

Самохраните родител(к)и, лезбејките, геј луѓето, транс лицата, сите вонбрачни, нерегистрирани, непризнати, невидливи форми на живот во ваквата визија избришани од политичката замисла што признава само еден модел: бракот како доказ за нормалност, мајчинството како услов за признание, и семејството како алатка на државна репродукција. Во оваа примарно фашистичка, и подоцна општо авторитарна политика, жената не постои надвор од улогата на мајка, а детето не постои ако е родено „надвор од бракот“..

Кога дури и официјалните податоци покажуваат дека масовната миграција е резултат на долгорочна економска несигурност, корупција, непотизам и институционален колапс – состојби што актуелната власт не само што не ги решила, туку активно ги одржува – премиерот бесрамно тврди дека ќе „живееме со повеќе срце“ ако се мажиме, раѓаме и се враќаме дома. Во држава каде што срцевите заболувања се водечка причина за смрт, каде што загадениот воздух го прави секое вдишување ризик, каде што здравствениот систем е нефункционален, а телото се третира како трошок – апелот на Мицкоски не звучи како повик на живот, туку како замаглување на неправдата што го одбива истиот тој живот.

Уште повеќе, тој зборува и како да не е премиер. Како да не е политички наследник на практики што ни ја цементирале сегашната демографската криза. Како да страда од Пинокио-синдром, Мицкоски се претставува како некој кој дури сега, конечно се освестува и станува „вистинско момче“, па и ја презема државата „во свои раце“, како досега да немал никаква улога и одговорност. Со овој јазичен маневар прави целен обид за бришење на политичката одговорност и за претставување на веќе постојната состојба како нешто што тукушто почнува и што допрва треба да се решава, со што е јасно дека нема никаква намера вистински да се погрижи за проблемот.

Оттука, повеќе од јасно е дека луѓето не заминуваат затоа што се откажале од потребата да создаваат заедници и семејства, туку затоа што државата одамна се откажала од нив!

Поврзувањето на достоинственото живеење со послушноста кон бракот и репродукцијата не е политичка визија, туку биоморален диктат што ја префрла вината врз поединецот и ги поништува условите што државата одбива да ги гарантира.“

Tags: Коалиција МаргиниМицкоски
Next Post
Скриншот

Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk