ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Претседателот Пендаровски одржа предавање на штипскиот Правен факултет

December 14, 2022 10:01
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ денеска го посети Штип, каде одржа предавање на Правниот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“.

Пред студентите кои следат настава по предметите Политички систем и Теорија на држава и право, Пендаровски говореше на тема „Практични аспекти на надлежностите и функционирањето на Претседателот на Република Северна Македонија“.

Тој ги запозна студентите со условите и начинот на избор, надлежности на институцијата, неговите права и должности пропишани со Уставот и законите. Одговараше и на прашања од студентите за повеќе аспекти од неговата функција, законската регулатива, како и за актуелните состојби во државата и регионот

Прашан за состојбата во Косово, Пендаровски рече дека во регионот последниве денови повторно се актуелни тензиите во северниот дел на Косово и во таа насока добива прашања дали размислува за свикување за Советот за безбедност. Претседателот им појасни на студентите дека таму постои мисија на НАТО, каде што ние имаме 65 војници во последниве две години, заедно со уште 20-тина нации кои партиципираат и дека во разговор со командантот на таа мисија добил уверување дека нема да се случи ескалација од било која страна.

– Затоа, не гледам причина да се паничи народот и да го свикувам Советот за безбедност. Таму има мисија на НАТО која ги има сите овластувања и двете страни од тој потенцијален спор ја почитуваат мисијата на НАТО, рече  Пендаровски.

Во однос на дојавите за бомби, претседателот Пендаровски, изјави дека компјутерскиот криминал тешко се докажува и дека е потребно време. Но, од аспект на преземените оперативни мерки, подвлече, децата во училиштата се безбедни, дека постои 24 часовен мониторинг врз училиштата и институциите и дека надлежните ги преземаат сите потребни активности.

– За судски завршници мислам дека ќе почекаме и ќе биде потешко, но во однос на конкретните мерки за заштита на нашето население јас сум сигурен дека во рамки на нашите надлежности и можности правиме сè што можеме, вели Пендаровски

Претходно, претседателот Пендаровски одржа средба со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски, кој стапи на функцијата оваа година. На средбата, Пендаровски беше запознаен со тековната работа на Универзитетот, како и плановите за активности во следниот период. Претседателот Пендаровски на ректорот Мираковски му посака успешно извршување на функцијата. вдј/цр

Tags: Република Северна МакедонијаСтево Пендаровски
Next Post

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба за поранешен градоначалник

EVN

НАЈНОВО

Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

January 27, 2026

Бовино и дел од агентите на Граничната патрола се повлекуваат од Минеаполис

January 27, 2026

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk