Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на службено лице – раководен државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, поради постоење на основано сомнение дека истиот во текот на 2021 година ја искористил својата службена положба.
– Раководниот државен службеник при Министерството за животна средина и просторно планирање постапил спротивно на член 108 ст.1 и ст.8 од Законот за животна средина, на начин што без да биде извршен увид во инсталацијата и нејзината работа заради утврдување на исполнувањето на барањата согласно законските прописи, лично изработил и одобрил А-интегрирана еколошка дозвола на ЈПДКО Дрисла Скопје, иако истите не поседувале соодветна опрема и инсталации за прием и третирање на 22 шифри на опасен отпад од наведените 36 во издадената дозвола, по што во текот на 2021 година во ЈПДКО Дрисла бил примен и третиран 16.900 килограми опасен отпад од неколку правни субјекти, со што пријавениот сторил и кривично дело Загадување на животната средина и природата согласно член 218 од Кривичниот законик на РСМ, а притоа наведениот правен субјект се стекнал со имотна корист во износ од 455.368 денари, се наведува во денешното соопштение