ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Спасовски: Нема какви било индиции за нарушување на безбедносната состојба, секторот за меѓународна полициска соработка е постојано во комуникација со Интерпол

December 15, 2022 12:30
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спаосвски изјави дека денеска има повторно дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово, како и дека се очекува наскоро да биде решен случајот со електронска дојава за бомба во Кавадарци.  И покрај дојавите за бомби, Спасовски потенцира дека во моментов немаме какви било индиции за нарушување на безбедносната состојба.

-Околу денешните најави, имаме повторно добиено електронска пошта во неколку училишта и во Скопје и во Куманово. И тоа е стандардната процедура која што е предвидена практично и со упатството и протоколот во однос на ваквите околности кои што за да можеме да извршиме антитерористичка проверка на сите овие објекти. Има постојано штаб којшто работи на оваа проблематика и веднаш не само Одделот за дигитална форензика, туку и сите меѓународни партнери се известуваат во однос на сите овие дојави коишто ги имаме – ги споделуваме информациите и податоците коишто ги имаме со цел за да добиеме помош ако, еве во конкретниот случај што беше со Швајцарија, имавме и САД, имавме Хрватска итн, изјави на прес-конференција во Владата министерот Спасовски.

Како што кажа, најчесто станува збор за ВПН конекции и дека не може да се добие една ИП адреса точно од каде е, туку се појавуваат илјадници ИП адреси во светот.

-Таму каде што има можност да се утврди ги утврдуваме. Таков беше случајот со Скопје. Сега сме веќе на пат и многу блиску да се расчисти целиот случај и во општина Кавадарци така што се преземаат сите можни мерки. Секторот за меѓународна полициска соработка е постојано во комуникација, Интерпол, Европол итн., и постојано се работи на овој дел, рече министерот за внатрешни работи.

Спасовски очекува деновиве да се одржи и Советот за координација на безбедносно разузнавачките служби на којшто ќе треба да се разменат сите податоци.

-Значи, и АНБ и Агенцијата за разузнавање, Комитетот за борба против тероризмот се со цел да преземаме низа на мерки не само сега конкретно во овој случај, туку генерално во решението на проблемот со тероризмот, рече министерот за внатрешни работи.

Појаснува дека дојавите доаѓаат во еден момент, дека антитеростичките единици стасуваат со порверките, но вели исто така дека станува збор за хибридна војна и дека вакви дојави со речиси ист текст на пораките стасува и во други земји. Се што се прави, додадва Спасовски, се прави за граѓаните да бидат безбедни.

Тој потсети дека пред неколку дена во Брисел потпишал и договор со Европската комисија во делот на справувањето со тероризмот токму во овој дел со акциониот план којшто ќе треба да биде спроведен.

-Во тој дел апсолутно сите активности се преземаат и со секој од партнерите коишто ги имаме се работи интензивно. Не секогаш е едноставно за да можете да дојдете до податок. Да, сите релевантни меѓународни партнери коишто можат да бидат се известени и сите работат практично на можноста да се помогне таму каде што има таква можност се прават и реализации, вели Спасовски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: закани за бомбиМВРОливер Спасовски

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk