ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Кампања „Светла за Украина“ за поддршка на Украина во купување на критично потребни генератори за болниците

December 16, 2022 14:30
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Кампањата „Светла за Украина“ на UNITED 24 и Министерството за надворешни на Украина за поддршка на Украина во купување на критично потребни генератори за болници нуди моќно искуство кое ќе ја сигнализира солидарноста на светот со народот на Украина и ќе придонесе за реална поддршка на Украина. Како датум за почеток на кампањата одреден е  19 декември, Денот на Свети Никола во Украина.

За време на празничните денови, кога секоја улица низ светот ќе биде осветлена со новогодишни светилки, Украина ќе биде свртена кон најпредизвикувачкиот период од војната.

„Го покануваме светот симболично да ја „подари“ својата светлина на Украинците.“

Целта е да се привлечеме вниманието на меѓународната заедница за руските терористички напади, кои нанесоа штети и до 50% од енергетската инфраструктура на Украина и оставија повеќе од 10 милиони луѓе без струја.

Поради постојаните напади на енергетската инфраструктура, украинските лекари мораат да спасуваат животи и да вршат сложени операции со фенерче.

Фото: Операција на срце во Институт за срце, 23 ноември 2022 година, фотографија од Борис Тодуров

Со оваа кампања се поддржува критичната инфраструктура на Украина со собирање средства за купување на генератори, електрични ѕидови итн.

Во знак на солидарност со нашата земја, познати згради осветлени од илјадници светла во текот на ноќта, како и најпознатите концертни сали и арени во светот за време на нивните емисии, одеднаш ќе ги изгаснат светлата.

Предлагаме да го исклучите светлото само една минута, по што гласно ќе и се обратиме на jавноста со порака во која се објаснува што се случува и се повикуваат сите да ја поддржат Украина. Една минута со која може да пренесете што чувствува секој Украинец во моментов.

Првото место што се согласи да се приклучи на нашата кампања е легендарната Карнеги Хол. Местото ги исклучи светлата на 4 декември 2022 година, за време на Прославата на 100-години од претставата „Карол на ѕвоната“.

Фото: Карнеги Хол

Опциите за имплементација на кампањата, во зависност од техничките капацитети се следните:

Едноставно: светлата (го осветлуваат зградата/местото) се исклучуваат за 1 минута, потоа, ако е можно, местото се осветлува со сина и жолта светлина  за 1 минута.

Напредно: светлата (што ја осветлуваат зградата/местото) се исклучуваат за 1 минута, потоа, ако е можно, местото се осветлува во сино и жолто околу за 1 минута, и во зависност од технички капацитети се продолжува со:

1) аудио порака од претседателот на Украина / UNITED24 во која објаснува што се случува и повикува за поддршка на Украина

2) видео порака од претседателот на Украина / UNITED24  каде што објаснува што се случува и повикува за поддршка на Украина, и се става QR-кодот екранот

3) QR код што води до собирање средства за поддршка на генераторите за Украинските болници се ставаат на екранот со CTA, на пр. Донирајте сега за напојување на украинските болници.

UNITED24 e официјалнa платформа за прибирање средства на Украина лансирана од Претседателот Зеленски. За 7 месеци се собрани 245 милиони долари, со донации од над 110 земји.
100% од собраните средства одат на официјалните сметки на Народната банка на Украина за покривање на проверените потреби.
Амбасадорите на UNITED24 се: Imagine dragons, Марк Хамил, Барбра Стрејсенд, Демна Гвасалија, Скот Кели, Лиев Шрајбер, Андриј Шевченко, Елина Свитолина, Олександр Усик, Тимоти Снајдер.

Подготви: Д. Мишев / ЦИВИЛ Медиа

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Интервјуто на Џабир Дерала за украинската агенција „Укринформ“ со силен одек во албанските медиуми во Македонија

June 29, 2025

„Марш на ангелите“ во Кочани: Родителите со свирежи и извици пред полициската станица и судот незадоволни од текот на постапката

June 28, 2025
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

(ВИДЕО) Тензично во центарот на Белград, полицијата се судри со демонстрантите

June 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Падна апликацијата „МојДДВ“, УЈП со известување за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тензично во центарот на Белград, полицијата се судри со демонстрантите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервјуто на Џабир Дерала за украинската агенција „Укринформ“ со силен одек во албанските медиуми во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина Е агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk