Спасувачките екипи извлекле тело на едно и полгодишно дете од под урнатините на неговата куќа во Кривиј Рих, убиено вчера во руски ракетен напад, изјави гувернерот на регионот Дњипропетровск, Валентин Резниченко.
Утринава во Одеса, во јужниот дел на Украина, се слушнале експлозии, извести украинската телевизија Суспилне. Две руски ракети од типот Оникс се соборени во регионот на Одеса, изјави Серхиј Братчук, портпарол на регионалната воена управа на Одеса.
Непријателот утрово изврши уште еден ракетен напад врз подрачјето на Одеса. Два проектила од типот Оникс беа истрелани од крајбрежен ракетен систем на привремено окупираниот Крим. Единиците за противвоздушна одбрана ги уништија, напиша Братчук на апликацијата за размена на пораки Телеграм.