ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Изградбата на новиот далекувод во Овчеполието – реализирање на ветените проекти и во услови на енергетска криза

December 18, 2022 13:57
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Фото извор: Влада на Северна Македонија

Фото извор: Влада на Северна Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Овче Поле присуствуваше на започнувањето на изградбата на 110 kV далекувод ТС Велес-ТС Овче Поле, соопшти владиниот прес сервис. Со овој далекувод се зајакнува квалитетот на преносливоста, стабилноста и се намалуваат загубите на високонапонска електрична енергија што е од огромен јавен интерес во услови на глобална енергетска криза.

„Постојаното инвестирање и оптимизација на капацитетите и ресурсите за пренос на електрична енергија значат постигнување на еден од најважните јавни интереси во услови на енергетска криза, а тоа е доверлив и стабилен електроенергетски систем“ – изјави премиерот Ковачевски.

Се работи за важна инвестиција во 110 kV далновод од трансформаторската станица во Велес до трансформаторската станица Овче Полe, во вредност од 2,3 милиони евра.

„Со овој далекувод обезбедуваме намалување на техничките загуби, сигурност во напојувањето и можност за приклучување на производните капацитети од обновливи извори на енергија, во кои забрзано се инвестира во изминатиот период“ – изјави премиерот.

Се работи за исклучително важна инвеститиција, особено затоа што се гради нов далекувод на постоечката траса на далекувод кој е изграден уште во 1960 година.

„По цели шест децении вложуваме во сериозен зафат во македонската преносна мрежа. Реконструкцијата на застрените 110 kV далекуводи, особено оние кои имаат големо системско значење и им се нарушени работните параметри, како што е овој далекувод, е главниот фокус на Владата и МЕПСО“ – вели Ковачевски.

Според изјавата на премиерот, втората важна работа во овој инвестициски зафат е тоа што проекти како овој придонесуваат за намалување на технички загуби, обезбедуваат доверливост на мрежата, сигурност во напојувањето, интеграција на обновливи извори на енергија и стабилност на целиот електроенергетски систем во државата.

„Дополнително и подеднакво важно е што ние како држава сме насочени во изградба на капацитети за производство на струја од обновливи извори која се интензивираше во последниот период со енергетската криза, а за пренос на таа електрична енергија ни е потребен стабилен систем, и тоа го обезбедуваме со овој далекувод“ – рече Ковачевски.

Премиерот потсети и на другите инвестиции во оваа сфера и ја нагласи еколошката димензија на овие зафати.

„Во овој дел од државата на државно земјиште во селото Амзабегово е 25 MW фотонапонска централа, на потегот Овче Поле – Штип се гради ветерната електрична централа Богословец со инсталирана моќност од 36 MW, а во најава е и изградба на фотонапонска централа кај селото Ерџелија и инвестицијата на француската Акио Енерџи во 400 мегаватна фотонапонска централа, најголема во Европа. Со изградбата на овие проекти Република Северна Македонија ќе биде пример во Европа и во регионот за зелена транзиција“ – истакна премиерот.

Според Ковачевски, ваквите инвестиции ја демонстрираат заложбата да се реализираат ветените проекти и во услови на здравствена, економска и енергетска криза, затоа што нова и модернизирана електропреносна мрежа значи подобри услови за водење бизнис, значи зголемен број на инвеститори кои знаат да ги искористат потенцијалите на овој регион од државата и значи обезбедување на подобар живот и стандард на граѓаните.

Изградбата на овој далекувод е дел од проектот за ревитализација на пет 110 kV далекуводи од кои два се веќе завршени и пуштени во употреба, а останатите два се во одредени фази на реализација. Вкупната инвестиција е 15,7 милиони евра, дел од кредитнa линија на ЕБОР а останатите се сопствено учество на АД МЕПСО.

М. П.

Tags: ВлададалекуводинвестицијаКовачевскиОвче Поле
Next Post

67 новинари убиени досега во 2022: Меѓународната федерација на новинарите бара итна акција

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk