ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Од денеска голема промена на сите банкомати во Хрватска

December 18, 2022 17:26
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото извор: МИА

Фото извор: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Хрватска, една од земјите со најразвиена мрежа на банкомати, поради воведувањето на еврото почнува постепено прилагодување на новата валута.  Банкоматите на деловните банки се најважниот канал за снабдување со готовина во куни во Република Хрватска, а ќе бидат и клучниот канал за снабдување на граѓаните со евро банкноти, пишува Н1.

Тие треба да се приспособат така што од 1 јануари 2023 година да се исплаќаат исклучиво во евра, додека банките се обврзани да обезбедат соодветна достапност на куни преку мрежата на банкомати до 31 декември 2022 година. Затоа, банкоматите постепено привремено се исклучуваат во текот на декември и почетокот на јануари, за банките да можат да ја приспособат мрежата на банкомати за исплаќање евра до 15 јануари 2023 година.

Со цел овој процес на усогласување да не влијае негативно на достапноста на готовина во куни во периодот до 31 декември 2022 година, односно во евра по 1 јануари 2023 година, банките привремено, во периодот од 15 декември 2022 до 15 јануари 2023 година за граѓаните ќе ги укинат надоместоците за трансакции за подигање готовина со дебитни картички на банкомати надвор од сопствената мрежа на банкомати на одредена банка (на банкомати на други банки) во Република Хрватска.

Така, од 15 до 31 декември куните може бесплатно да се подигаат на кој било банкомат, додека од 1 до 15 јануари без надомест ќе може да се повлекуваат евра од банкоматите.

Со оглед на густината на мрежата на банкомати во Хрватска, ова треба да им обезбеди на граѓаните висок степен на достапност на готовина во куни до 31 декември 2022 година и готовина во евра по 1 јануари 2023 година.

Извор: МИА

Tags: банкоматиевракунихрватска
Next Post
EPA-EFE/Friedemann Vogel

Спектакуларно финале: Меси и Аргентина се светски шампиони!

НАЈНОВО

Фото: МИА

Македонија катастрофално поразена од Велс, баражот го чекаат од четвртиот „шешир“

November 18, 2025
Скриншот

Американскиот Конгрес изгласа да бидат објавени досиејата на Епштајн

November 18, 2025

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА најави пренос во живо: Првите детални снимки од меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk