ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Русија повторно го нападна Кијив со дронови

December 19, 2022 10:47
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот главен град Кијив и неговата околина изминатава ноќ беа повторно нападнати од руски дронови, при што е погодена критичната цивилна инфраструктура, јавува Укринформ. Кијивскиот градоначалник Витали Кличко информира дека инжинерски тимови работат на брза стабилизација на ситуацијата со снабдувањето со струја и греење на граѓаните. Без струја се оставени граѓани од Кијив и Кијивскиот регион како резултат на руските напади, а две лица се повредени.

Украинската противвоздушна одбрана дејствувала изминатава ноќ во Кијив, при што се информира дека над 20 беспилотни летала од иранско производство биле откриени над воздушниот простор на Кијив и најмалку 15 од нив биле соборени.

Изминатата ноќ под жесток напад бил и Днипропетровскиот регион во централна Украина. Руските сили паралелно лансирале дронови, артилериски и ракетни напади врз населени места во регионот. Нема загинати лица во нападите, но се уништени и оштетени цивилни објекти. Само во градот Никопол паднале над 60 проектили.

Во Марханец се уништени над 20 куќи, административна зграда и училишта, додека во Червонохрухоривка биле погодени 11 куќи, гасовод, трансформаторска станица и други зданија, пренесува Укринформ.

Две лица загинаа, а четворица се повредени изминатава ноќ како резултат на руските ракетни напади врз градот Херсон, јавува Укринформ. Во текот на ноќта бил отворен оган врз градот 12 пати.

Жестоките борби продолжуваат во Донецкиот регион, во околината на градот Бахмут, пренесува Гардијан. Британското Министерство за одбрана соопшти дека борци од „Вагнер“ имаат голема улога во борбите околу овој град. Во офанзивните дејствија се вклучени слабо обучени осудени лица од Русија, кои во нападите користат таблети или паметни телефони кои ги водат кон целта за напредување со помош на сателитски снимки.

Во Бахмут, командантите на „Вагнер“ најверојатно остануваат затскриени и даваат наредби преку радио врска, информирајќи се за состојбата на терен со видео снимки од дронови. Ваквата брутална тактика има за цел да ги зачува ретките средства на Вагнер од искусни команданти и оклопни возила, на сметка на полесно достапните осуденици-регрути

Извор: Мета

Tags: Војна во УкраинаКијивМарханец
Next Post

Стихови на Ацо Шопов во перформанс на актерите Рујиш и Суад Беговски

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk