ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ВИДЕО) Зеленски во посета на САД, од американските конгресмени побара повеќе тешко оружје

December 22, 2022 08:29
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

САД ќе ѝ дадат на Украина дополнителна воена помош од 1,85 милијарди долари, потврди Вашингтон за време на историската посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на САД.

Помошта ќе го вклучи „првиот трансфер на системот за противвоздушна одбрана Патриот“, соопшти американскиот државен секретар Антони Блинкен, додавајќи дека системот е „способен да соборува крстосувачки ракети, балистички ракети со краток дострел и авиони на значително повисок плафон од оние што беа претходно обезбедени“ системи за противвоздушна одбрана.

Руските напади од воздух во последните месеци беа насочени кон цивилната инфраструктура на Украина, како што се електрани, што доведе до масовни прекини на струја и недостиг на греење во делови од земјата.

Зеленски пристигна во Вашингтон вчера претпладне на своето прво патување во странство по руската инвазија врз неговата земја во февруари. За време на посетата, украинскиот претседател разговараше со американскиот претседател Џо Бајден пред лично да се обрати пред американскиот Конгрес.

Украинскиот лидер во својот говор пред американските пратеници повика на повеќе тешко оружје од САД за да и помогне на неговата земја да се одбрани од руските напади.

– Ве уверувам дека украинските војници можат сами да управуваат со американски тенкови и авиони, рече Зеленски на заедничката седница на Конгресот.

– Вашите пари не се во добротворни цели, тоа е инвестиција во глобалната безбедност и демократија со кои се справуваме на најодговорен начин, додаде тој.

Во своето обраќање, украинскиот претседател исто така предупреди дека е „само прашање на време“ кога Русија ќе ги нападне другите сојузници на САД „ако не ја запреме сега“.

– Светот е премногу меѓусебно поврзан и меѓусебно зависен за да дозволи некој да стои настрана, а во исто време да се чувствува безбедно, кога таквата битка ќе продолжи, рече тој, додавајќи дека следната година ќе биде „пресвртната точка … кога украинската храброст и американската решителност мора да ја гарантираат иднината на нашата заедничка слобода“.

Претходно, Бајден вети дополнителна поддршка за Украина во нејзината борба против Русија.

– Ќе продолжиме да ја зајакнуваме способноста на Украина да се брани, особено противвоздушната одбрана, и затоа ќе ѝ обезбедиме на Украина ракетна батерија Патриот, рече Бајден за време на заедничката прес-конференција со Зеленски.

Украинскиот претседател им се заблагодари на САД „од се срце“ за поддршката. Тој рече дека Украина е во добра ситуација на бојното поле „поради поддршката од САД“.

САД се најголемиот финансиски и воен поддржувач на Украина.

Кремљ претходно вчера го предупреди Вашингтон дека „проширувањето“ на опсегот на оружје што му се дава на Киев „сигурно води до ескалација на конфликтот и не е добро за Украина“.

(ФОТО) Зеленски се сретна со Бајден, Украина од САД ќе добие систем за противвоздушна одбрана „Патриот“

Tags: Американски конгресБајденЗеленскиСАД
Next Post

Стара вест за убиство во Албанија се пренесува како да е нова, поттикнувајќи етничка омраза

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk