Доктори од Универзитетската клиника за Пластична и реконструктивна хирургија посетија три средни училишта во Струмица и ги едуцираа учениците за последиците од употребата на пиротехнички средства.
„Денес нашите доктори Катерина Јовановска, Софија Тушева и Гордана Георгиева од Универзитетската клиника за Пластична и реконструктивна хирургија ги посетија трите средни училишта во Струмица и ги едуцираа учениците за последиците од употребата на пиротехнички средства“, објави градоначалникот на Струмива, Костадин Костадинов.
Како што извести градоначалникот, Клиниката заедно со Европската медицинска студентска асоцијација – ЕМСА – Македонија ја организираат кампањата под мотото: “Не дозволувајте петардите да ви ги уништат празниците” и ги посетуваат средните училишта низ сите градови во земјата.