ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Северниот дел од Косово и натаму блокиран, истрели во правец на косовската полиција и ЕУЛЕКС за време на викендот

December 26, 2022 12:26
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Северниот дел во Косово продолжува да биде блокиран како резултат на поставувањето барикади од локалните Срби. Овие барикади се поставени веќе 17 дена и не се знае кога ќе бидат отстранети.

Покрај поставувањето барикади, потврдени се и истрели во правец на косовската полиција и ЕУЛЕКС.

Во меѓувреме, синоќа беше потврдено дека пукотници биле испукани во близина на патролата на КФОР во Зубин Поток.

КФОР го потврди инцидентот со пукањето.

„Можеме да потврдиме дека пред неколку часа патрола на КФОР додека била на должност во околината на Зубин Поток слушнала и видела неколку истрели во близина. Нема повредени и нема материјална штета. Ние ги спроведуваме истрагите и штом ќе завршат ќе бидете известени“, се вели во нивниот одговор, пренесуваат косовските медиуми.

Од друга страна, косовската полиција ги демантираше пишувањата на српските медиуми, велејќи дека не учествувала во никаква размена на оган против ниту една група и не била вклучена во никаква размена.

Веднаш по оваа вест реагираше и министерот за внатрешни работи Џелал Свечла кој рече дека тоа се игрите на Вучиќ и неговите „криминални инструменти“.

„Првично изјавија дека во Зубин Поток имало вооружени судири иницирани од косовската полиција и нејзините специјални единици. Но, кога сфатија дека криминалните банди поддржани од него го нападнаа КФОР, сакаат да ги демантираат сите напади“, напиша министерот.

Во меѓувреме, шефот на кабинетот на претседателот, Вјоса Османи, Блерим Вела на социјалната мрежа „Твитер“ изјави дека овие медиуми, кои се про-режим на Вучиќ, се обидуваат да поттикнат тензии.

„Косовската полиција не е вмешана на ниту едно место на злосторство. Српските илегални и криминални структури пукаат со оружје“, рече меѓу другото Вела.

Потсетуваме, барикадите беа поставени поради апсењето на поранешниот српски полицаец Дејан Пантиќ.

На Пантиќ му е одредена мерка притвор бидејќи е осомничен за „терористички акти“.

Во меѓувреме, што се однесува до отстранувањето на барикадите, лидерите на Србите бараат ослободување на поранешниот полицаец Пантиќ.

САД и ЕУ побараа веднаш да се отстранат барикадите и страните да седнат на дијалог.

Засега не е даден датум кога ќе се отстранат барикадите, но она што е познато е дека премиерот на Косово Албин Курти изјави дека не можат долго да чекаат за нивно отстранување.

Н. А. / ЦИВИЛ Медиа

Tags: „терористички акти“барикадиБлерим ВелаВјоса ОсманиКосовокосовска полиција
Next Post

За 13 проценти зголемена продуктивноста на трудот во земјоделството во ЕУ

EVN

НАЈНОВО

Протест на СКРМ: Трпението е потрошено, достоинството е понижено

April 16, 2026
Анаис. Мотив, Кратово

Дневен хороскоп со Анаис – 16 април 2026

April 16, 2026

Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk