ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Зајкова: За конкретни резултати потребно е политичка волја и консензус

December 27, 2022 10:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, во интервју за Макфакс вели дека меѓу најголемите предизвици со кои се соочува државата се состојбите со образованието и правосудството.

„Тоа се едни области кои што, знаете како велат, ако сакате да уништите една нација, уништете ѝ го образованието. Ако сакате да има стагнација во една држава, треба да има уништен правосуден систем, бидејќи тој е темелот на сѐ она понатаму што се случува. И тука работите гледаме дека можеби се пробува да се направи исчекор, меѓутоа сѐ уште како да стоиме заглавени во место и тука граѓаните највеќе ни замеруваат. Тука треба повеќе да работиме. Со конкретни иницијативи да покажеме и јасни резултати до граѓаните, но сепак ова се и области кои што бараат политичка волја и консензус. Не може некој да се обидува да прави реформи, друг да ги блокира реформите. Ние сѐ уште живееме во едно општество во кое што имаме ниска државничка свест и на погрешни политики сакаме да собереме политички поени и тука е аномалијата. Ако сите се согласуваме и сите зборуваме гласно: да, образованието треба да го корегираме; да, ни требаат реформи во правосудството, ајде заедно да седнеме и да покажеме повисока државничка свест и да ги реформираме овие области“, вели Зајкова.

Зајкова додава дека проблемот се наоѓа во тоа што системот е така креиран. Доколку темелите на системот биле поставени поинаку, тој поинаку ќе се развивал, но дека има можност да се реформира.

„Ние имаме многу квалитетни кои што имаат визија и знаат како да ги подобрат нештата, но за жал не им се дава премногу простор во општеството. Има начини како да се подобрува, како што кажав, треба да постои политичка волја и консензус и не треба никој да се плаши од реформите затоа што се стекнува слика за тоа како самите политичари се плашат да се реформираат, како да имаат нешто да сокријат“, посочува Зајкова.

ЛДП во наредниот период, после тематскиот конгрес, кој е планиран за месец март, ќе предложи конкретни иницијативи и чекори, кои навидум ќе изгледаат многу мали, но ќе бидат клучни за да може да почнат да се движат работите и конечно да почнат да се подобруваат нештата.

„Па, тука ќе опфатиме дел од сите правосудни органи, од Законот за јавнообвинителска служба, Законот за јавни обвинители, Судскиот совет, кој што никој не го допрел. Но и често напоменувам и тука ќе напоменам, секоја одговорност мора да има име и презиме. И ова што велите дека се случува во образованието. Ние како по дифолт само да напаѓаме дека министерството е криво. Јас ќе ви кажам дека кога го решававме проблемот со матурантите, забележавме дека во Бирото за развој на образованието програмите не се ажурирани од 2011-та, 2012-та година и тогаш укажавме, можеби во меѓувреме постапиле. И мора да престанеме со онаа генерална слика: „не чини судството, не чини обвинителството“. Не. И внатре во судството и во обвинителството и во секоја правосудна има луѓе кои што се квалитетни. Тие сигурно не сакале да бидат ставени под некој кој што ги затајува работите. Мора да ја детектираме одговорноста и таа одговорност да биде санкционирана“, истакнува Зајкова, додавајќи дека за сето ова треба политичка волја од сите актери.

Next Post

Уставниот суд годинава со 41% помали сметки за електрична енергија споредено со минатата година

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk