„Не сум запознат дека Владата ја субвенционира струјата за домаќинствата“, е најчестиот одговор на граѓаните од анкетата што ја направи екипата на Фронтлајн во Скопје, во врска со цената на струјата и дали знаат дека Владата субвенционира голем дел од цената на струјата за домаќинствата.
„ – Можеби не е големо зголемувањето на цените за домаќинствата, но се осеќа. Не знам дека Владата ја субвенционира струјата за домаќинствата
– Се грееме на инвертер клима, разликата ни е минимална. Сум читал нешто на Интернет за субвенциите
– Не сме некој големи потрошувачи на струја, не осеќам некоја голема разлика на цената на струјата. Не сум запознат дека Владата ја субвенционира струјата.
– Осеќам огромна разлика во цената на струјата. Знам за субвенциите од Владата, но се сомневам во тоа.
– Знам дека Владата субвенционира дел од цената и затоа е овој мир, во спротивно не се издржува“, се дел од одговорите од граѓаните.
Андреја Ристески
Камера: Александар Ризински
Монтажа: Ариан Мехмети
Стигнаа првите сметки за струја со пресметка за субвенцијата, видлива е владината помош