ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Стигнаа првите сметки за струја со пресметка за субвенцијата, видлива е владината помош

December 22, 2022 15:20
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, КОМЕНТАРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во поштенските сандачиња низ земјава започнаа да пристигнуваат сметките за струја. Преку пример е прикажан износот на субвенцијата на Владата во конечната цена на електричната енергија.

Владата во текот на целата енергетска криза со 73% ја субвенционира цената на електричната енергија која ја плаќаат граѓаните, а сега преку информативната табела тоа може појасно да се види. Во информативната пресметка е прикажано колку би изнесувале сметките доколку Владата не ја субвенционираше цената на електричната енергија.

Согласно пресметката едно домаќинство кое плаќало 2000 денари за електрична енергија, без субвенцијата на Владата би плаќало околу 3455 денари односо 1455 денари повеќе, додека пак семејство кое плаќало 5000 денари за електрична енергија, без субвенцијата сметката би достигнала 8638 денари или над 3600 денари повеќе.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во гостување на Алсат синоќа кажа дека секое домаќинство во земјава било субвенционирано со по 21 илјади денари за електрична енергија оваа година, односно секој граѓанин добил субвенција од 6.800 денари.

„Средствата што ги даваме за регулираниот пазар на електрична енергија значи дека секој еден наш граѓанин добива 6.800 денари годишно субвенции за струја или секое едно домаќинство добива по 21.000 денари субвенции за струја за оваа година“ кажа вицепремиерот Битиќи и кажа дека субвенционирана електрична енергија добиваат и малите компании кои плаќаат 220 до 260 евра за мегават час, додека берзанската цена е околу 500 евра.

Ова значи дека субвенцијата на Владата изминатава година овозможила 21.000 денари да останат во семејниот буџет на секое домаќинство во земјава и да се искористат за други намени, наместо да бидат потрошени за сметките за струја.

Во годинава која изминува Владата издвои околу 240 милиони евра за субвенционирање на електрична енергија и обезбедување на топлинска енергија за Град Скопје, сума која беше неопходна за да се спречи повисок ценовен шок и рестрикции во енергетскиот сектор.

Оваа сума ќе беше значително помала доколку во изминатите 30 години, претходните Влади наместо на споменици и фасади, парите од Буџетот на граѓаните ги инвестираа во енергетскиот сектор и државата обезбедеше поголема енергетска независност.

Со правилното менаџирање и правењето баланс меѓу справувањето со кризата и основните функции на државата, Владата успеа да се избори граѓаните да добиваат енергија и тоа да не биде на грбот на семејниот буџет. Борбата со енергетската криза на Владата ќе продолжи и следната година, што може да се види од Буџетот за 2023 година, каде се предвидени 250 милиони евра за мерки.

Tags: Владапресметкаструјасубвенции
Next Post

Јапонија одлучи да го продолжи работниот век на постојните нуклеарни реактори

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk