ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Интервју со Бочварски: За само пет години изградивме и рехабилитиравме 1.300 км. патишта

December 29, 2022 12:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

„Оваа година имаме 25 милијарди денари капитални инвестиции и ова е најголемото ниво капитални инвестиции од независноста на државата наваму. Само за споредба кога во 2014, 2015, 2016 најмногу се зборуваше за некакви големи инвестиции, тие капитални инвестиции биле меѓу 17 и 18 милијарди денари, што значи ние сме го зголемиле нивото на капитални инвестиции за преку 40 проценти“, вели во интервју за Фронтлајн министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Со изградените патишта се смени сликата на целиот источен регион, вели Бочварски.

„Пред само неколку денови беше пуштен во употреба експресниот пат Штип- Кочани, пред тоа беше пуштен во употреба патот Штип-Радовиш. За една година два експресни патишта вредни 110 милиони евра“, потсетува Бочварски.

Како споредба, Бочварски споменува дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа изградени и рехабилитирани 650 км патишта за десет години, додека оваа Влада за пет години рехабилитирала и изградила 1.300 км.

„Превојот Плетвар е во функција, а не беше рехабилитиран дваесет години. Патот кон Прилеп со децении само се зборуваше, денеска се гради со одлична динамика. Тоа е третиот експресен пат што го работиме. Првиот тунел е пробиен и се работи на пробивање на вториот.

Четвртиот експресен пат е оној од Ранковце кон Крива Паланка по нова делница и траса.

Се работи и на магистрални правци како што е делницата од Куманово кон Страцин, заедно со обиколницата кај Куманово, како и делницата од Крива Палнака кон границата со Бугарија.

Завршивме со патниот правец Маврови Анови-Жировница, а работиме на нов патен правец Извор-Гарски мост со што ќе се поврзат Дебар со Кичево.

Она што е исто така важно е што работиме на рехабилитација на патиштата кон граничните премини како на пример Битола -Меџитлија и кон Албанија.

За локалните патишта кои се под ингеренции на Локалната самоуправа имаме издвоено 70 милиони евра. Досега имаме реализирано преку 130 локални патишта во 61 општина.“, истакна Бочварски

Фото: Александар Ризински

За наредната година министерот Благој Бочварски најавува уште позасилено темпо на градба во должина од 110 км автопати од коридорот 8 и коридорот 10. Во нив спаѓа делницата Прилеп-Битола од коридорот десет и од коридорот осум Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требеништа-Струга-Ќафасан.

„Како партнерски држави заедно со Албанија, Бугарија и Италија успеавме пред Брисел коридорот осум да го доведеме на ниво на главен Паневропски коридор кој досега беше третиран како спореден. Со тоа сега можеме да очекуваме и повеќе средства од ЕУ и за пругата од тој коридор“, вели Бочварски.

Што се однесува до автопатот Кичево -Охрид како дел од истиот коридор, според министерот за транспорт и врски, расчистени се сите постапки што беа произлезени од лошото проектирање а во тие рамки се допроектираа клучките и косините, се реши експропријацијата речиси 95 отсто, направена е пренаменета на земјиштето исто така, градежната оператива е на терен и се заврши асфалтирањето на најдолгиот тунел во државата од два километри.

Љубиша Николовски

Камера и фотографии: Александар Ризински

Монтажа: Ариан Мехмети

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Благој Бочварскиинтервјукапитални инвестициипатишта
Next Post

Џафери: Штом дојде предлог, подготвен сум веднаш да ја почнам постапката за уставни измени

НАЈНОВО

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

October 4, 2025

Мицкоски од Куманово: Направете вистински избор – гласајте за Максим Димириевски

October 4, 2025

Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ја повлече номинацијата на Марк Брновиќ за амбасадор во Србија, тој обвинува за „длабока држава“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • В недела привремен режим на сообраќај за време на Виз Ер Скопски маратон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андоновски ја претстави новата апликација m.Uslugi – ќе ги содржи сите услуги кои државата ги нуди на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk