ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Бугарија огорчена на Србија по „антибугарската“ изложба во Белград: Генерирате омраза кон Бугарите

December 30, 2022 16:41
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕГИОН
Од отворањето на изложбата во Белград која предизвика жестоки реакции на Бугарија

Од отворањето на изложбата во Белград која предизвика жестоки реакции на Бугарија

Share on FacebookShare on Twitter

Изложбата на Правниот факултет во Белград со наслов „Злосторства против цивилното население во Србија под бугарска окупација /1915-1918/“ е насочена против Бугарија, има јасна пропагандна цел и поттикнува екстремен национализам.

Ова го изјави директорката на Дирекцијата за „Југоисточна Европа“, Вања Андреева во разговорот со Славица Панич, привремен управител на амбасадата на Србија во Бугарија. Разговорот е воден по информацијата на БГНЕС за „научната изложба“ од 27 декември, која имаше за цел да го претстави бугарскиот геноцид врз Србите, бугарските воени злосторства, како и бугарските масакри врз Србите во Македонија.

Во разговорот со Панич, како што јавува БГНЕС, бугарската страна изразила силна загриженост за содржините на изложбата, дефинирајќи ги како „израз на агресивна пропаганда насочена против Бугарија и против развојот на добрососедските односи во регионот“. Бугарската страна потсетила и дека според заклучоците на Советот за проширување на ЕУ од 13 декември 2022 година, се очекува земјите кандидати за членство во ЕУ да вложат решителни напори за процесите на помирување и стабилност во регионот, вклучително и со надминување на наследството од минатото.

Бугарското Министерство за надворешни работи нагласило и дека „организирањето на настан во пресрет на новогодишните празници, насочено против Бугарија, има јасна пропагандна цел и поттикнување на екстремен национализам. Ние го прифаќаме неговото организирање како дел од агенда на одредени кругови кои работат против добрососедските односи меѓу Србија и Бугарија“.

Реакцијата на Бугарија оди дотаму и што очекува да биде информирана дали државните институции на Србија поддржале ваков настан, како што се потенцира, „насочен против развојот на добрососедските односи со Бугарија“.

Изложбата, инаку, беше поддржана, како што стоеше во материјалите, од Министерството за култура на Србија.

Извор: Нова ТВ

Tags: „Злосторства против цивилното население во Србија под бугарска окупација /1915-1918/“бугаријаПравен факултет во Белград
Next Post

Починатиот крал на фудбалот Пеле е бесмртен

EVN

НАЈНОВО

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Неделен хороскоп со Анаис (30 март – 5 април 2026)

March 29, 2026

(ВИДЕО) Инциденти, тепачки и нерегуларности на локалните избори во Србија

March 29, 2026

Милиони на улиците против Трамп: „No Kings“ протестите меѓу најголемите во историјата на САД

March 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Милиони на улиците против Трамп: „No Kings“ протестите меѓу најголемите во историјата на САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Инциденти, тепачки и нерегуларности на локалните избори во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неделен хороскоп со Анаис (30 март – 5 април 2026)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ алармира за „хаос, деградации и партизација“ во Центарот за култура и Театар Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италија 2026: 5 големи промени за кои никој не зборува, а можат да ви го уништат патувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk