ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Репортери без граници: Во последните 20 години во светот биле убиени речиси 1.700 новинари

December 30, 2022 16:24
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Engin Akyurt/Pixabay

Фото: Engin Akyurt/Pixabay

Share on FacebookShare on Twitter

Во периодот од 2003 до 2022 година во светот се убиени 1.668 новинари, во просек по 80 годишно, покажуваат податоците кои денеска ги објави организацијата Репортери без граници (РСФ), пренесува МИА.

Во извештјот се посочува дека Ирак и Сирија се сметаат за најопасни земји за новинарска професија. Тие две земји зафатени од војна со вкупно 578 убиени новинари само во последните 20 години претставуваат една третина од вкупниот број убиени новинари во светот во тој период, пред Мексико (125), Филипини (107), Пакистан (93), Авганистан (81) и Сомалија (78).

Мажите претставуваат 95 отсто од убиените новинари.

Во последните две децении, „најцрни“ години беа 2012 и 2013 година, со 133, односно 142 загинати новинари, најмногу во војната во Сирија .

Бројот на убиени новинари повторно почна да расте во 2022 година, при што 58 новинари беа убиени додека ја извршуваа својата работа, во споредба со 51 во претходната година, како резултат на војната во Украина. Во Украина, осум новинари ги загубија животите од почетокот на руската инвазија во февруари, додавајќи на 12-те што беа убиени таму во текот на претходните 19 години.

Украина е на второто место за најопасните земји за новинарите во Европа, по Русија, каде за 20 години беа убиени 25 новинари.

РСФ наведува дека откако Владимир Путин дојде на власт, нападите, вклучително и смртоносни, врз слободата на медиумите во таа земја се систематски, истакнувајќи го убиството на Ана Политковска на 7 октомври во 2006 година

Со осум убиени новинари, Франција е четврта на црната листа во Европа, по Турција.

На глобално ниво, иако известувањето од вооружени конфликти е причина за многу смртни случаи, во последните 20 години повеќе новинари се убиени во мировните зони отколку во воените зони, поради нивните истраги за организиран криминал и корупција.

Американскиот континент (Мексико, Бразил, Колумбија, Хондурас), каде се наоѓаат речиси половина од убиените новинари во 2022 година, е „неспорно најопасниот за медиумите денес“, според Репортери без граници

Tags: новинариРепортери без граници
Next Post

АНКЕТА | Маркет линкс: Недовербата во бугарскиот претседател Радев за првпат е поголема од довербата

Shortcut

Најново

Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk