ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Црн биланс од новогодишните огномети во Германија, петарди и ракети фрлани врз полицијата и пожарникарите

January 3, 2023 09:46
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter
Напади врз пожарникарите и полицајците со ракети и моќни петарди ја одбележаа новогодишната ноќ во Германија, а епилогот е десетици повредени и приведени лица. Младо лице на 17 години во Лајпциг подлегнало на повредените здобиени од несоодветно ракување со пиротехнички средства, пренесува МИА.

Од тие причини, синдикатите на пожарникарите и на полицијата бараат воведување камери за снимање на нивните активности на терен, како и целосна забрана на пиротехниката која во Германија е своевиден национален спорт за новогодишната ноќ.

Само во Берлин полицијата и пожарникарите за новогодишната ноќ интервенирале 3.943 пати, а притоа се повредени 33 полицајци и пожарникари.

Во квартот Кројцберг биле опожарени барикади, а потоа, како што пишува весникот „Билд“, 200 маскирани лица со пиротехнички средства ги нападнале полицајците и пожарникарите.

Во квартот Нојкелн имало околу 50 демонстранти, од кои некој фрлил експлозивна направа кон полициско возило. Во Берлин се приведени повеќе од сто луѓе.

Синдикатот на пожарникарите бара нивните возила да бидат опремени со камери, поставени на ветробранското стакло, за да може да се документираат нападите.

Полицискиот синдикат од Берлин бара забрана за продажба на пиротехнички средства и дозвола за ракување со пиротехника исклучиво на професионални лица и служби.

Покрај нападите врз вработените во јавните служби, долга е листата повредени од несоодветно ракување со ракети и петарди.

Во источниот град Шенебек, 42-годишен маж настрадал откако бил прегазен од автомобил додека поставувал пиротехника на улица.

Во Уна во западнот дел на Германија, петарда паднала во капата на двегодишно детенце при што тоа е тешко повредено.

Голем е бројот случаи на тешки изгореници и повреди на раце и нозе, изгубени очи. Во Фримар во провинцијата Тирингија, маж (42) се здобил со толку тешки повреди од петарди нарачани преку Интернет што му биле ампутирани двете подлактици.

Политичарите од опозициските демохристијани и владејачките либерали се спротивставија на општа забрана за пиротехнички средства.

Криминалното однесување не смее да значи дека „треба да се забрани огнометот за оние кои мирно прославуваат“, рече пратеникот на демохристијаните, Торстен Фрај. Тој смета дека е доволно што локалните самоуправи веќе можат да забранат огномет на одредени места.

Германците трошат повеќе од 120 милиони евра годишно на пиротехнички материјал.

Tags: берлинГерманијаКројцбергЛајпцигпожарникариполицајци
Next Post

Бајден: САД не размислува за заеднички нуклеарни вежби со Јужна Кореја

НАЈНОВО

Фото: Национална опера и балет

Операта „Палјачи“ – ремек делото на Леонкавало на 7 ноември на сцената на Националната опера и балет

October 30, 2025

Реал Мадрид и Суперлигата бараат 4,5 милијарди евра отштета од УЕФА

October 30, 2025
Скриншот

Џенсон Батон стави крај на професионалната кариера во Ф1

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk