ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Не е вистина дека ќе ѝ ги донираме хеликоптерите на Украина

January 3, 2023 10:52
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС

Објава на Фејсбук шири невистини дека нашата земја ќе ѝ донира хеликоптери на Украина. Вистиномер праша во Министерството за одбрана, од каде што ни одговорија дека „нема таква одлука и во овој момент не се размислува за таква донација“. Ваквата дезинформација се појави откако медиумите информираа дека државата потпишала договор со Чешка за ремонт на два хеликоптера. Но, во вестите објавени за овој настан нема ниту збор за тоа дека после ремонтот хеликоптерите ќе ѝ бидат донирани на Украина, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека С. Македонија ќе ѝ донира хеликоптери на Украина. Оваа информација е неточна.

СЕВЕРНАВА ВУКОЈЕБИНА ПРВИН ЌЕ ГИ РЕНОВИРА, А ДУРИ ПОТОА ЌЕ ГИ ДОНИРА НА УКРАИНА.

Тврдењето дека С. Македонија ќе ѝ ги донира хеликоптерите на Украина се појави откако медиумите информираа дека нашата држава потпишала договор со Чешка за ремонт на хеликоптерите.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и амбасадорот на Чешка во Скопје, Јарослав Лудва пред неколку дена потпишаа Договор за ремонт на хеликоптери помеѓу владите на двете земји.

Во веста од потпишувањето на договорот, што ја пренесоа голем број на македонски медиуми, нема никаква информација за донирање на хеликоптери или каква било друга воена опрема на Украина.

На објавата на социјалните мрежи, која тврди дека, сепак, ќе има ваква донација, прикачен е притнскрин од вест објавена на веб-портал. Но, ниту во оваа вест, како и во сите други вести објавени за овој настан, не може да се најде потврда дека Македонија навистина, после ремонтот, ќе ги донира хеликоптерите.

Вистиномер праша во Министерството за одбрана дали ова тврдење е точно и за која цел се прави ремонтот на хеликоптерите. Оттаму ни одговорија дека информацијата не е точна.

Нема таква одлука и во овој момент не се размислува за таква донација. Договорот со Чешката Република се однесува на ремонт на хеликоптери исклучиво за потребите на Армијата на Република Северна Македонија.

Во соопштението од Министерството за одбрана за потпишувањето на договорот со Чешка се вели дека станува збор за ремонт на два хеликоптера и ќе трае 13 месеци.

Договорот кој е по принципот Влада со Влада е во рамки на планот за модернизација и опремување на капацитетите на Армијата, и предвидува ремонт на два хеликоптера Ми – 8МТ во период од 13 месеци.

Поради сите наведени факти, оценуваме дека тврдењето дека Македонија ќе ѝ ги донира хеликоптерите на Украина е невистинито.

Инаку, ова не е првпат да се шпекулира за донациите на С, Македонија за Украина.

Пред неколку месеци беше објавено дека Русија ги соборила авионите кои што ѝ ги донираше С. Македонија на Украина, но за ова немаше никаква официјална потврда. Напротив, украинските власти изјавија дека донацијата од Македонија сè уште не е ставена во употреба и дека за тој процес е потребно да помине подолго време.

Освен авионите, се шпекулираше дека Русија ги уништила и тенковите кои што ѝ беа донирани на Украина, но и за ваквото тврдење немаше никакви докази.

 

Tags: донирањелажна вестУкраинахеликоптери
Next Post
Фото: Мета.мк

Студентите на Машински креираат свои производи на новата смарт станица

НАЈНОВО

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025

СДСМ: Скандалот во МВР со испитниот центар мириса на корупција

August 20, 2025

Белата куќа отвори официјален ТикТок профил во пресрет на можната забрана

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk