СДСМ и во новата 2023 година продолжува со успешните економски мерки и политики, со постојана грижа за македонската економија и македонските граѓани, наведуваат во соопштение од владејачката партија.
Оттаму нагласуваат дека веќе во март месец, следува покачување на пензиите помеѓу шест и седум отсто за сите 330.000 пензионери.
„Создадени се услови за ново зголемување на минималната плата за 10 отсто со што таа ќе изнесува безмалку 20.000 денари, што ќе придонесе за усогласување, односно раст на платите во сите сектори.
Во Буџетот за 2023 година, предвидени се 800 милиони евра за капитални инвестиции со што ќе се поттикне економскиот раст, кој според проценките на ЕБОР оваа година ќе биде околу 2,3 отсто.
Активно се работи на привлекување нови странски директни инвестиции кои отвораат нови добро платени работни места, со што се намалува стапката на невработеност.
Во новата 2023 година продолжува и поддршката за граѓаните за справување со последиците од кризата, за што во Буџетот се предвидени 250 милиони евра за нови антикризни мерки.
Минатата 2022 година беше година на предизвици и справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза.
Владата предводена од СДСМ со навремени, таргетирани и ефикасни го заштити стандардот на граѓаните и обезбеди поддршка за компаниите“, соопштуваат од СДСМ.