ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Во 2023 година 12 милијарди денари – историски најголем земјоделски буџет, прогресивна аграрна политика и силни реформи

January 4, 2023 09:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Земјоделството беше еден од секторите врз кои глобалната криза и во 2022 година удри најсилно. Светот се соочи со предизвикот како да обезбеди доволно храна. Трошоците на производителите се зголемуваа, а цените на берзите растеа.

Во вакви услови, кои, според експертите, се уште се неизвесни, а последиците допрва ќе се чувствуваат, за земјава беше приоритет како да го зголеми и стабилизира домашното производство.

Надлежните укажуваа дека сме исправени пред досега најтешката криза, но постојано апелираа граѓаните да не се грижат и уверуваа дека основни производи, леб, брашно, млеко и зејтин, ќе има. Донесоа Национален план за производство на храна и креираа Интервентен фонд. Реализираа и пакет мерки за пониски цени на основните производи, како и за стимулирање на  производството.

Од 1 декември стапи во сила и поддршката за компаниите од прехранбената индустрија. Тие добиваат струја по субвенционирана, фиксна цена од 80 евра за мегават час поради што треба да поттикне поевтинување на основните прехранбени производи за околу 10 проценти.

Кризата со храната ги поттикна земјите од регионот на интензивна соработка и проширување на пазарот, на подготовка и финансирање заеднички проекти за промоција на земјоделските производи, како и на зголемена трговска размена. Во рамки на иницијативата Отворен Балкан чии членки се  Албанија, Северна Македонија и Србија, се потпиша Договор за соработка во областа на механизмите за сигурност на храна. Со Договорот, членките ја потврдија неопходноста од соработка за спречување и ублажување на потенцијалниот недостиг од основни земјоделско-прехранбени производи и се согласуваат меѓу нив да нема забрани за тргување со основни земјоделско-прехранбени производи.

EPA-EFE/HARISH TYAGI

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во време на најголема светска криза, приоритет е зголемување на домашното производство на храна и силна, навремена, ефикасна поддршка на земјоделците.

По низата преземени мерки во изминатите 12 месеци, Николовски го најави новиот модел на субвенционирање кој, како што потенцира, во фокусот ги става вистинските земјоделци. Новиот модел на субвенционирање е еден од петте клучни столбови на македонското земјоделство во 2023 година.

– По 15 години, стариот модел го заменуваме со нов кој значи планско и одржливо производство – со помали трошоци да произведеме повеќе. Мора да бидеме одговорни пред сите граѓани, особено во вакви сериозни моменти кога се наоѓаме во светска криза. Мора да се осигураме дека домашното производство на земјоделски производи и храна е поголемо, стабилно и дека ќе имаме доволно за дома, но и за извоз, за да ја зајакнеме економијата. Со новиот модел на субвенционирање на ниту еден земјоделец нема да му се скрати поддршката. Средствата ги насочуваме кон оние земјоделци кои ќе ги обработуваат битните стратешки култури, кои ќе остварат принос и ќе го предадат во домашни капацитети. Сите регистрирани земјоделци, чија основна дејност е земјоделството, преку Отворен јавен повик, во текот на целата година ќе можат да аплицираат со сопствен бизнис план и идеја, за грант од 10.000 евра кој ќе го искористат за инвестиции во производство или за финален производ. Новиот модел ги обврзува земјоделците да приложат доказ дека имаат остварено и предадено производство, што не беше случај досега, порача Николовски.

Во 2023 година 12 милијарди денари за земјоделството 

Со новиот државен буџет за 2023 година земјоделството добива околу 12 милијарди денари. Целта на овој „историски најголем земјоделски буџет за 2023 година“, како што го нарече министерот Николовски, е обезбедност со храна и зголемено производство.

– Обезбедуваме историски најголем Буџет за земјоделството од околу 12 милијарди денари, што претставува значително зголемување споредено со 2022 година. Во 2023 година продолжуваме со силна и прогресивна земјоделска политика, ги почнуваме најголемите реформи во земјоделството преку петте клучни столба за 2023 година: новиот модел за субвенционирање, поддршка на малите семејни бизниси и малите семејни винарии, капитални водостопански инвестиции, модернизација на македонското земјоделство и нашиот главен приоритет пошумување и обнова на шумскиот фонд преку зелената транзиција. Наша цел е да имаме повеќе домашна храна, да бидеме увозно независни, да создадеме модерно и конкурентно земјоделско производство, со мотивирани и задоволни земјоделци, подвлече министерот.

Извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: земјоделски реформиземјоделство историски најголем буџетОтворен Балканпрогресивна аграрна политикахрана

НАЈНОВО

Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Фото: МИА

Расправата за ребалансот продолжува утре

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk