ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Голема здравствена криза во Британија: Знаевме дека оваа зима ќе биде една од најтешките

January 7, 2023 10:24
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
A view of ambulances parked along a street, as ambulance workers strike / REUTERS

A view of ambulances parked along a street, as ambulance workers strike / REUTERS

Премиерот Риши Сунак денеска ќе се сретне со водечките луѓе во англиското здравство бидејќи земјата минува низ многу тешка зима поради ширењето на грипот и Ковид-19, како и штрајкот на здравствените работници кои тврдат дека високата инфлација им ги намалила платите, објави Ројтерс.
Возилата на брзата помош често чекаат во редици пред болниците за да ги предадат пациентите на одделенијата за итни случаи. За тоа време, лекарите и медицинските сестри се соочуваат со недостиг на персонал, поради што се принудени да отпуштат дел од пациентите.

Од кабинетот на премиерот велат дека на форумот на Националната здравствена служба (НХС) ќе се разговара за четири прашања, меѓу кои и организацијата на итната медицинска помош. Портпарол на премиерот додава дека клучните цели се да се намали притисокот врз болниците и поефикасно да се управува со НХС на долг рок.

Затоа ги собираме најдобрите експерти од областа на здравството и социјалната заштита, со цел размена на знаења и практични решенија, поради соочување со најважните предизвици пред нас, истакна портпаролот. Сепак, Даунинг стрит не го споменува прашањето за платите.

Во последните неколку месеци штрајковите на работниците ширум Британија доведоа до голем број проблеми во различни сектори, вклучувајќи го и здравствениот сектор, и можат да продолжат со оглед на зголемената инфлација што се појави по повеќе од една деценија стагнација на растот на платите.

Членовите на Конзервативната партија очекуваат Сунак да понуди повисоки плати на здравствениот персонал, а премиерот оваа недела изјави дека намалувањето на листата на чекање во болниците е еден од петте приоритети во 2023 година. Но, ќе биде потребно повеќе време за да се исполни наведената цел.

Владата најави 500 милиони фунти дополнително финансирање за НХС, но опозициските лабуристи велат дека таквиот потег „дојде предоцна и нема да доведе до значителна разлика оваа зима“. Статистиката минатата недела покажа дека бројот на случаи на грип се зголемил за речиси 50 отсто, предизвикувајќи рекордна побарувачка за лекари и здравствени установи, предупредија челниците на НХС.

Во последната недела од 2022 година, повеќе од 90 проценти од болничките капацитети беа пополнети, додека 13.000 кревети дневно зафаќале пациенти кои се здравствено способни да бидат отпуштени.

Знаевме дека оваа зима ќе биде една од најтешките во историјата, изјави директорот на НХС, Стивен Пауис, додавајќи дека дополнителни 7.000 кревети ќе бидат достапни до март.

Tags: Британијагрипздравствозимаковидкриза
Next Post

Перспективи 2023 - Муратов: Слобода и демократија наместо Груевски на бел коњ

НАЈНОВО

Митева: Од осумте наследени арбитражни спорови, Владата заврши три со 516 милиони евра заштеди во Буџетот

August 20, 2025

СДСМ: Скандалот во МВР со испитниот центар мириса на корупција

August 20, 2025

Белата куќа отвори официјален ТикТок профил во пресрет на можната забрана

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk