ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Конечно избран претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес

January 7, 2023 09:51
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Speaker McCarthy celebrates winning the vote / BBC

Speaker McCarthy celebrates winning the vote / BBC

Share on FacebookShare on Twitter

Кевин Макарти е избран за претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес по неколкудневни преговори и 15 кругови гласање. Конечниот резултат беше 216 гласа за Макарти и 212 за демократот Хаким Џефрис.

Патот на Мекарти до претседателската функција беше неизвесен. По неколкудневен застој, рано утринава следеа драматични избори. Слабите резултати на републиканците на изборите во ноември ги оставија со тесно мнозинство од 222 наспроти 212 и им даде голема моќ на десничарските тврдокорни страни кои се против раководството на Макарти.

Изборот следуваше откако неколку десничарски републикански пратеници, поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, го блокираа изборот на Макарти во четвртокот.

Како што пишува Си-Ен-Ен, во 14-от изборен круг изби несекојдневна сцена, во која Макарти се судри со претставникот Мет Гаец, чиј глас му беше потребен за победа. Во еден момент избила жестока расправија и колегата републиканец Мајк Роџерс морал физички да биде отстранет.

Откако одлуката мораше повторно да се одложи за понеделник, Макарти конечно успеа да ги собере потребните гласови кои му ја обезбедија функцијата претседател.

„Мило ми е што е готово“, рече Мекарти, кој доби аплауз од целата сала на Конгресот. Републиканците имаат само мало мнозинство во Домот, 222 од нив во споредба со 212 за демократите, што значи дека Макарти не може да си дозволи многу маневрирање.

Победата на Макарти во 15-та рунда стави крај на најдолгиот застој во работата на Конгресот во последните 160 години. Тоа, сепак, јасно ги покажува проблемите со кои ќе се соочи Макарти при водењето на тесното и длабоко поделеното мнозинство во Претставничкиот дом.

Тој ја претставува Калифорнија и претходно беше лидер на малцинството во Претставничкиот дом. Веќе вети дека ќе започне повеќе истраги против претседателот Џо Бајден и неговата администрација.

Тврдокорните републиканци го обвинуваат Макарти дека е мек и премногу отворен за компромиси со претседателот Џо Бајден и неговите демократи, кои го контролираат американскиот Сенат.

Макарти се согласи со нивното барање секој пратеник да може да побара негова смена во секој момент, со што ќе се ограничи неговата моќ да донесува закони за клучни прашања како што се финансирањето на администрацијата или ограничувањето на долгот. Недостатокот на договор или дури и долгиот застој ризикуваат банкрот што ќе ја потресе глобалната економија.

Победата на Макарти дојде еден ден по двегодишнината од нападот на американскиот Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, кога насилна толпа упадна во Конгресот во обид да го поништи изборниот пораз на тогашниот претседател Трамп.

Раководењето со претседателската палка му дава на Макарти моќ да ја блокира законодавната агенда на Бајден, да принуди гласање за републиканските приоритети во економијата, енергијата и имиграцијата и да продолжи со истраги против Бајден, неговата администрација и неговото семејство.

Tags: изборМакартиПретседателПретставнички домСАД
Next Post

(ВО ЖИВО) Кијивско-Печерската Лавра одржува богослужба, наспроти гранатирањето и опасноста од воздушни напади

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk