ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Десницата пробува востание во Скопје, Вашингтон и Бразилија

January 10, 2023 11:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ВАСКО ЛАЗАРЕВСКИ 

Иако се чини неразумно да се повлече паралела меѓу делото на нобеловецот Гинтер Грас „Плебејците пробуваат востание“ во кое се зборува за работничкото востание во Источен Берлин во и серијата десничарски „бунтови“ кои се случија во Скопје, Вашингтон и Бразилија (до сега), сепак постојат некои елементи кои можат да се препознаат како заеднички.

На кратко за драмата „Плебејците пробуваат востание“. Дејствието се случува во јуни, 1953 година кога улиците на Источен Берлин вријат од работничкиот револт кон (ох, каква иронија) газењето на работничките права од страна на советската комунистичка власт. Плебејците (работниците) одат во берлинскиот театар со намера да побараат поддршка и идеолошко водство од „Шефот“ – уметник и театарски режисер кој во тој момент подготвува претстава – шекспировиот Кориолан. Шефот (лик несомнено создаден според Бертолд Брехт) се сомнева во способноста на плебејците, се тртка на сцената, бездруго исплашен од големата можност востанието да не успее, пред се заради недостаток на страст за победа кај востаниците. Со други зборови – му фуфка да отиде во првите редови и да води во борба. Поедноставно е плебејците сами да изгинат на барикадите. И додека Шефот се двоуми и се плетка во интерпретирањето на Кориолан, руските тенкови ги прегазуваат плебејците.

Невозможно е да се повлече идеолошка, или вредносна паралела меѓу берлинските плебејци кај Грас и плебејците кои упаѓаат во седиштата на демократската власт во Скопје, Вашингтон и Бразилија. Првите, како што веќе спомнав, ги води социјална нишка – работнички права, достоинствена плата и услови за работа. Вторите, иако исто плебејци, ги води една сосема поинаква, страшна и многу опасна идеа – спречување на демократска промена на власт, или со други зборови: укинување на демократијата и воведување на некој друг, по својата природа диктаторски систем.

Она што е слично е кукавичлукот. Како што „Шефот“ во драмата на Грас избегнува да оди на барикадите, така и лидерите на десничарските „бунтови“ во Скопје, Вашингтон и Бразилија се тргнаа на страна од опасноста и од далеку, од безбедно растојание следеа како нивните плебејци јуришаат на симболите на државноста и демократијата. Како во една српска хумористична серија: „Одиме во војна да се тепате. Некои ќе погинете, а некои ќе се спасиме“. Човек би помислил дека е единствено чесно и исправно, ако повикуваш некој да си ја стави главата во торба, да си ја загрози слободата и иднината, да застанеш напред и да викнеш: по мене! Како во сите епски филмови и театарски претстави. Но, очигледно овие десничарски бунтови немаат херојски лидер, туку себични егоисти, чија единствена страст е моќта и единствена желба да бидат на власт по секоја цена.

По сосема исто сценарио, востанието на плебејците започнува како протестен собир, а потоа (демек, спонтано) се преточува во јуриш и заземање на зградите на законодавните домови. Лидерот седи на страна, грицка нокти и чека да види што ќе се случи. Ако победат неговите – супер, на бел коњ ќе дојава во триумф и ќе ја запоседне власта освоена со сила. Ако изгубат – прв ќе се откаже од нив и ќе ги пушти да потонат. Така беше во Скопје, така беше во Вашингтон, така ќе е и во Бразилија. А, по секое вакво бунтување следат истите мачни сцени на судења на плебејците, затворски казни, семејни трагедии и каење. Исто така, по секое вакво бунтување „Шефовите“ се извлекуваат реално неказнети.

Не верувам дека постои десничарски светски заговор, но се повеќе верувам дека постои десна интернационала која преку глобалните социјални мрежи и средства за масовна комуникација успева да создаде нова алт-десна идеологија. Идеологија заснована на популизам, анти естаблишмент, анти наука, презир кон разликите и слободите и демократијата како културен и политички модел. А, овие бунтови кои ги гледаме се еден вид проби, пробување на претстава во која треба да се уништи светот во кој власта се менува на избори и да се воведе нов чии постулати можеме само да ги претпоставиме.

Добро е што сè уште овие „десничарски востанија“ се во фаза на пробување, лошо е што во скоро време може да се случи да има и успешна премиера. Потоа, приказната станува поинаква, потоа сите ќе исчезнеме во прегратката на Шефот, построени пред неговата голема слика на ѕидот.


Текстот е личен став на авторот. Извор: НоваТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: 27 априлБразилијадесничариКапитол хилпопулизамСкопје

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk