ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Засилено присуството на македонистиката на универзитетските центри во светот, за првпат по 15 години се отвораат нови лекторати по македонски јазик

January 10, 2023 14:49
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter

Заложбите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) за изучување на македонскиот јазик на странските универзитети остварени во изминатите неколку години преку Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК при УКИМ), веќе даваат конкретни резултати клучни за натамошниот развој на странската македонистика. Во изминатите две-три години, не само што е засилено присуството на македонистиката на престижни универзитетски центри во странство, туку за првпат по близу 15 години се отвораат и нови лекторати по македонски јазик, објавуваат од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Текстот го пренесуваме интегрално.

Интензивирањето на соработката со странските универзитети со кои УКИМ има склучено меѓууниверзитетски договори т.е. протоколи за соработка, зголеменото темпо во работата на МСМЈЛК при УКИМ во остварувањето на својата мисија и посветеноста на лекторите по македонски јазик на десетте универзитети на кои има лекторати по македонски јазик, како и на професорите кои предаваат на други тринаесет универзитети на кои се изучува македонистиката и со кои имаме континуирана плодотворна комуникација, резултираат со постојан интерес за македонистиката на вкупно над дваесет универзитетски центри во светот. Кон нив, од втората половина на минатата година се приклучуваат уште два универзитета на кои ќе се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура каде допрва ќе работиме на развивање на студиите и интересот за македонистиката.

Со засиленото присуство на УКИМ преку лекторатите кои образуваат идни странски познавачи и проучувачи на мaкедонскиот јазик, литература и култура, не само што се постигна стабилизирање на состојбите со интересот и развојот на македонистиката на странските универзитети, туку на дел од нив наставата значајно е унапредена и зголемени се можностите за изучување на македонскиот јазик од странските студенти.

Но, клучно е што покрај постигнатото со стабилизирање и унапредување на состојбите на универзитетските центри на кои македонистиката се изучуваше и во претходниот период, во многу кусо време се постигна и други универзитети да станат центри на кои се изучуваат македонскиот јазик, литература и култура. За првпат по близу петнаесет години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека во 2008 година, којшто е и единствен отворен во периодот од 1991 година наваму, се отворија и Катедра и Лекторат по македонски јазик на Факултетот за јазици, историја и географија на престижниот Анкарски универзитет, што веднаш предизвика интерес како кај студентите, така и во академската заедница во Турција.

Ама и не само тоа, туку во текот на минатата 2022 година од страна на УКИМ се остварија и сите потребни чекори и од ноември веќе го имаме и ПРВИОТ ЛЕКТОР што ќе го испратиме во Лекторатот по македонски јазик на Универзитетот за странски јазици во Пекинг. Овој чекор следеше по комуникација со Министерството за надворешни работи од кое кон крајот на 2021 година беше упатен повик за отворање Лекторат по македонски јазик, литература и култура на овој реномиран универзитет за изучување странски јазици, што придонесе за побрзо остварување на нашите заложби за првпат да се отвори наш Лекторат во НР Кина. УКИМ има и Протокол за академска соработка со Универзитетот за странски студии во Пекинг и во согласност со него, соработката е насочена и кон споделување на академските знаења и искуства. Во тој контекст е и отворањето на овој Лекторат по македонски јазик, литература и култура на чиешто развивање ќе се работи во текот на оваа 2023 година.

Професионалната посветеност на УКИМ на ширењето на македонистиката на странските универзитети не запира со веќе постигнатото и само со нејзин развој и унапредување онаму каде што веќе успеавме да е присутна во странство. Во текот на оваа 2023 година ќе работиме на повторно отворање на Лекторатот по македонски јазик, литература и култура на Универзитетот во Тирана, Албанија, (кој, за жал, од нечија претходна непрофесионалност престана да работи пред помалку од десет години). Потребата од него е повеќе од видлива заради интересот за изучување на македонскиот јазик на овој универзитет и ние како висообразовна институција којашто е носител на афирмацијата и развојот на македонистиката во странските академски средини сме обврзани да сториме сè овој лекторат повторно да работи. УКИМ има потпишан Протокол за академска соработка и со Универзитетот во Тирана. Имајќи предвид дека и овој протокол е насочен кон споделување на академските знаења и искуства, приоритет на соработката станува повторното активирање на овој лекторат по македонски јазик, литература и култура.

Во исто време, во соработката со странските универзитети, нашите заложби секојдневно се насочени и кон препознавање каде сè има интерес за македонскиот јазик, литература и култура, а сè уште нема настава, со цел и таму да се отворат лекторати или да се придонесе во други форми да започне изучување на македонистиката со заложби на УКИМ. А УКИМ, и јас како негов прв човек, храбро чекориме кон остварувањето на овие цели, и гласно и јасно ги замолкнуваме оние кои фрлаат огнени јазици со кои сакаат да ја дискредитираат и нашата работа и нашата посветеност на македонистиката.

Впрочем, развојот на странската македонистика е еден од приоритетите на УКИМ кој се остварува преку МСМЈЛК при УКИМ како централно јадро во промоцијата на македонскиот јазик, литература и култура во светот. Постигнатото во изминатите неколку години потврдува дека нашите заложби за овој приоритет не се формални, туку суштински и се влог во создавањето перспективи и за идниот период. Меѓу постигнатото се и успешните (досега 55) летни школи, воведувањето на зимската школа која годинава ќе се одржи по третпат, објавените публикации меѓу кои се и нови изданија на учебници по македонски јазик, литература и култура за странци и редица други значајни активности и проекти. Но смислата на сето тоа е токму засиленото присуство на македонистиката на странските универзитети и воопшто во странските културни средини. Со заложбите коишто ги остваривме во изминатите неколку години, развојот на странската македонистика веќе се одвива по цврсто утврдена патека на која има јасни патокази за развојот и во времето што следи.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: катедримакедонистикамакедонски јазикУКИМуниверзитет

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

May 18, 2025
Фото: СДА МАкедонија

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025
Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои се трите главни услови што Русите ги побарале за прекин на агресијата врз Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk