ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Избрана е поевтината понуда при набавката на природен гас за јануари

January 11, 2023 14:27
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Набавката на природен гас во ЕСМ за јануари е спроведена согласно постапките и процедурите пропишани со закон. Од двете доставени понуди беше избрана поевтината цена на гас за јануари, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Пекабеско“, Ковачевски не одговори  дали некој ќе сноси одговорност што е склучен договор со фиксна цена за јануари, а цената на природниот гас паѓа.

– Набавката на природен гас во ЕСМ е спроведена согласно постапките и процедурите пропишани со закон. Беа доставени две понуди и беше избрана поевтината цена на гас за набавка за јануари. Таа постапка ќе биде спроведена и за февруари и сите компании кои имаат обезбедено гас, а можат да го продадат на ЕСМ, тоа можат и да го направат, рече Ковачевски.

Прашан зошто се форсира фиксна цена, Ковачевски со одговор дека секоја компанија која сака да им понуди на своите корисници пониска цена од онаа што ја купува на берза, може тоа да го вкалкулира во крајната цена.

– Секоја компанија која тргува на берза и која има 20-годишно тргување доколку сака на своите корисници да им пренесе пониска цена на енергенс што го купува на берза тогаш тоа може да го вкалкулира во крајната цена доколку сака и доколку како компанија има интерес, истакна Ковачевски.

Додаде дека со брзата реакција на Владата, државните компании ЕСМ, НЕР и ГАМА и земјите партнери на државава, навремено е обезбеден гас за јануари во момент кога при крајот на декември единствениот увозник на природен гас информираше дека од 1 јануари ќе прекине со испораката на овој енергенс

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Димитар КовачевскиЕСМприроден гас

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk