ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Пендаровски го прими новоименуваниот амбасадор на Јапонија, Оцука Казуја

January 11, 2023 13:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија, Оцука Казуја, пренесува МИА.

Како што информира неговиот кабинет, на церемонијата на предавање на акредитивни писма, претседателот Пендаровски истакнал дека Северна Македонија придава големо значење на развојот на односите и соработката со Јапонија оценувајќи дека искористувањето на можностите на билатерален план и спроведувањето на проектите во рамките на Јапонската иницијатива за соработка со земјите од Западен Балкан, придонесуваат за поголема економска соработка и можност за инвестиции од страна на јапонски компании во регионот, како и споделување на јапонските искуства и знаење, што, како што рекол, значително влијае врз натамошното јакнење на соработката и зближувањето меѓу нашите две земји и народи.

Во таа насока, претседателот Пендаровски истакнал дека Јапонија е меѓу најголемите билатерални донатори на Северна Македонија придонесувајќи со реализација на техничка помош за низа проекти во развојот на инфраструктурата, подобрувањето на здравството, земјоделието, образованието, животната средина, културата, поддршката на мали и средни претпријатија и др.

Претседателот Пендаровски оценил дека денес, во услови на нарушена европска безбедност по руската инвазија на Украина, обременети сме со нови предизвици кои бараат сплотеност и мудрост за сочувување на мирот и стабилноста на европско тло, но и дополнителни напори за справување со енергетските и економските кризи кои ги зафатија нашите општества.

-Меѓусебната соработка и поддршка на овој план е приоритет за владите и верувам дека Северна Македонија и Јапонија можат да остварат значителна соработка и на овој план, рекол претседателот Пендаровски.

Амбасадорот Казуја оценил дека одличните билатерални односи можат дополнително да се развијат особено на полето на политичкиот дијалог, економијата, културата и граѓанските размени, приближувајќи се кон 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете земји во 2024 година.

Истакнувајќи дека Јапонија придава големо значење на стабилноста и просперитетот во регионот на Западен Балкан, каде стабилниот развој на Северна Македонија игра клучна улога, амбасадорот Казуја рекол дека поаѓајќи од овој став, Јапонија секогаш ги поддржувала и ќе продолжи да ги поддржува реформските напори на нашата земја кон евроатлантската интеграција.

Tags: акредитивни писмаамбасадор на ЈапонијаОцука КазујаРепублика ЈапонијаРепублика Северна МакедонијаСтево Пендаровски
Next Post

Ковачевски: Евроинтеграциите, борбата со корупцијата и енергетската безбедност беа дел од темите на денешната средба

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk