ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска Бежоска ‒ Рухе: И покрај економските шокови, НБ останува еден од носечките столбови на финансиската и макроекономската стабилност

January 12, 2023 09:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај силните шокови со кои се соочи нашата економија, како и глобалната економија, стабилноста беше зачувана. Централната банка и натаму е еден од носечките столбови на финансиската и макроекономската стабилност во земјава. Ќе се преземат сите потребни чекори и ќе се искористат сите расположливи инструменти, доколку има потреба, за да се исполни мандатот на централната банка и за да се зачува среднорочната ценовна стабилност, како и стабилноста на домашната валута.

Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорката за Централна и Југоисточна Европа на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Шарлот Рухе, којашто се одржа на маргините на Форумот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ), што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија.

На средбата помеѓу гувернерката и директорката Рухе стана збор за тековната економска состојба во регионот и земјата, активностите коишто се преземаат од страна на централната банка, како и очекувањата и проекциите за годинава и на среден рок. Ангеловска-Бежоска посочи дека како мала и исклучително отворена економија, каде што трошоците за храната и енергентите сочинуваат околу половина од потрошувачката кошничка, бевме исклучително подложни на шоковите на меѓународните пазари, коишто брзо се пренесоа и во домашната економија.

За остварување на својот основен законски мандат, односно одржувањето на ценовната стабилност, Народната банка уште од крајот на 2021 година започна да презема мерки за повлекување на ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, од пролетта 2022 година започна и со примена на широка лепеза активности кај повеќе монетарни инструменти, вклучително и зголемување на основната каматна стапка, а активира и макропрудентни мерки коишто овозможуваат финансиска стабилност.

Гувернерката истакна и дека, имајќи ги предвид очекувањата за движењата на цените на храната и енергијата на светските пазари, како и мерките преземени од страна на носителите на политиките, годинава се очекува забавување на инфлацијата. Ангеловска-Бежоска посочи дека целта на Народната банка е, на среден рок, инфлацијата да се врати на историски ниските стапки од околу два процента.

Говорејќи за стабилноста на економијата, Ангеловска-Бежоска го истакна и значењето на банкарскиот сектор, којшто и покрај последователните кризи и натаму е високо капитализиран и ликвиден, односно ја задржа својата отпорност, а истовремено обезбеди постојана кредитна поддршка за економијата.

Рухе посочи дека земјава има сигурен партнер во ЕБОР за развојот на економијата и дека низ годините тоа многукратно е потврдено преку проектите и инвестициите на ЕБОР во земјава. Во дискусијата, осврнувајќи се на тековната криза и на структурните реформи чија потреба стана очигледна, стана збор и за зелената транзиција и за нејзиното значење за спроведувањето на мандатите на централните банки. ЕБОР изминатите години има амбициозна агенда преку директни инвестиции во зелени проекти, но и преку финансирање преку партнерски институции, поттикнување на зеленото финансирање и зелените производи за овозможување енергетска одржливост и ефикасност во земјава

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Анита Ангеловска БежоскаЕуроманиНародна банкаШарлот Рухе

НАЈНОВО

Промоција на „Danse Macabre“, книга раскази на Тина Иванова

May 20, 2025

Мирот во Украина изгледа подалечен по телефонскиот разговор на Трамп со Путин

May 20, 2025

Србија ѝ дава на Украина финансиска поддршка од 35 милиони долари

May 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Матурант пронајден починат кај Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk