ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски – Холштајн: Новите напори во евроинтеграциите го прават патот динамичен напредок кон ЕУ

January 12, 2023 13:32
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Новите чекори во евроинтеграциите во 2023 година, го отвораат патот за динамичен напредок кон Европската Унија, заклучиле на денешната средба премиерот Димитар Ковачевски и амбасадорката на СР Германија, Анке Холштајн која го завршува мандатот во нашата држава.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски се заблагодари за големото и искрено пријателство со СР Германија и за големиот придонес на Германија и личните заложби на амбасадорката Холштајн, во развојот на демократските и евроинтеграциските процеси на нашата држава.

На средбата, како што е наведено во соопштението, е пренесена силна поддршка од СР Германија, Република Северна Македонија да продолжи со нови чекори на евроинтеграцискиот пат, посебно во оваа значајна 2023 година. Тоа, како што е констатирано, отвора можности за забрзана динамика до целосното членство во Европската Унија, каде што државава и припаѓа

Поздравени се определбите на премиерот Ковачевски и на Владата за конструктивен дијалог со демократски и интеграциски определените политички субјекти во државата, што се очекува да резултира со натамошен напредок во евроинтеграциите.

Премиерот Ковачевски на средбата посочил дека СР Германија од осамостојувањето на државата, до денес е значаен политички и економски партнер на Северна Македонија и дека поддршката од европските партнери е од големо значење за напредокот на нашата држава.

Претседателот на Владата соопштил дека Владата фокусирано работи на остварувањето на европската стратешка цел, чие што остварување е значајно за квалитетот на живот на граѓаните во Република Северна Македонија, но и за одржувањето на мотивацијата и за европската ориентација на целиот регион, што се покажа од суштинско значење по војната во Украина.

На состанокот, како што е наведено во соопштението, е разговарано и за надминувањето на предизвиците во економски-енергетската криза од светски рамки, како и за други актуелни политички прашања.

Tags: Анке ХолштајнГерманијаДимитар КовачевскиЕУСеверна Македонија
Next Post

(ВИДЕО) Ристевски: Муцунски ја задолжува Општина Аеродром со обврзница од 5,4 милиони евра со непозната камата

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk