ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Се тресеше гора се роди – ручек

Големите теми не се креираат ниту во Тирана, ниту во Скопје, ниту во Приштина, ниту во Белград и сличните балкански паланки, туку во баеги повисоки стратегиски центри.

January 12, 2023 13:23
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Со еден збор – театар.

Не е јасно зошто еднаш партиските лидери од Македонија не се окуражија да го поканат г-дин Рама да го угостат овде на нивниот домашен терен, во нивниот атар. Или пак, процениле дека вака, на туѓа сметка, ем најадени ем непотрошени.

Сериозно, зошто да не овде. Вака излегува дека со оваа втора покана за ручек средба во Тирана, Рама сакал, не сакал, на своевиден начин ги потценува, па и ги омаловажува своите политички колеги од Македонија. Башка на сета балканска јавност ѝ покажува дека нивниот политички центар не е таму каде што тие ги креираат своите партиски, уште помалку државни политики, туку дека за нив тоа е Тирана. И дека главниот град на државата Албанија е нивниот команден центар, дека, што би рекле Бугарите, е нивната Столица.

Толку за театарот. Се тресеше гора се роди ручек.

Патем, политизирањето на оваа тиранска средба, теориите за некаков заговор против Македонците и Македонија, е чиста глупост. Такви некакви проекции за „Голема Албанија“ сега и за „Мала Македонија“ утре, или пак за спасување или за уништување на нечии политички кариери и слични небулози, се приказни за мали деца зашто големите теми не се креираат ниту во Тирана, ниту во Скопје, ниту во Приштина, ниту во Белград и сличните балкански паланки, туку во баеги повисоки стратегиски центри.

Оттука, би било поинтересно јавноста да дознае за гастрономското мени со кои Еди ги удостоил своите Али, Арбен, Африм и Мендух и за кулинарскиот состав на сендвичот што го спакувал за партискиот скаут Билал.

Дека сето било топ, авторот на овие забавни редови воопшто не се сомнева бидејќи веќе ја има консумирано прекрасната богата и вонредно вкусна тиранската кујна. Впрочем, нека каже и Ориѓански кој таа привилегија таму ја има катадневно.


Текстот е личен став на авторот. Извор ЦИВИЛ Медиа

Tags: АлбанијаЗОРАН ИВАНОВМакедонијаРама
Next Post

Ковачевски – Холштајн: Новите напори во евроинтеграциите го прават патот динамичен напредок кон ЕУ

Најново

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Договорот за крај на војната со Иран изгледаше блиску. Потоа Трамп почна да објавува на социјалните мрежи

April 21, 2026
Фото: Министерство за образование и наука

Во Скопје се одржа настан за ученици по повод Светскиот ден на креативноста и иновациите

April 21, 2026

Филипче: Ако сме трета економија во Европа зошто Владата не ги покачи платите?

April 21, 2026

ВЛЕН: Неуспехот на 5 министри и молкот на внукот на Али Ахмети го оставија албанскиот јазик надвор од правосудниот испит

April 21, 2026

Концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје – „Солисти на ФМУ“ во НУ Филхармонија

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk