ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Украина ќе биде приоритет за време на македонското претседавање со ОБСЕ

January 13, 2023 09:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Агресијата мора да престане. Убивањата и опустошувањата на цивилното население се неприфатливи, оцени министерот за надворешни работи Бујар Османи на првата прес-конференција на македонското едногодишно претседавање со ОБСЕ, пренесува Вистиномер.

Под слоганот „За луѓето се работи“, Македонија вчера и официјално, на првата прес-конференција ги презентираше приоритетите за едногодишното претседавање со ОБСЕ. Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека случувањата во Украина, како и другите долготрајни конфликти ќе бидат главни на агендата за време на македонското претседавање со најголемата светска регионална безбедносна организација.

Претседавачот истакна и дека руската воена агресија врз Украина е поттик за засилување на напорите на ОБСЕ.

Најголемиот предизвик во имплементацијата на нашата агенда ќе биде во контекст на тешките околности, но единството околу принципите и заложбите на ОБСЕ се изворот на надеж и охрабрување. Руската воена агресија врз Украина, која ги урива самите основи и заложби на Организацијата, го зајакнува ова единство. Денес, се чини дека нашите вредности се поважни од кога било. Актуелните предизвици не се причина за дефетизам, туку поттик за засилување на нашите напори и ангажман, изјави Османи.

Агресијата, рече Османи, мора да престане. Убивањата и опустошувањата на цивилното население се неприфатливи, оцени тој и додаде дека последиците и цената од оваа војна за целиот регион на ОБСЕ се жални и неподносливи.

Тој посочи дека постојат и други кризни подрачја во регионот на ОБСЕ, а регионалната нестабилност и потенцијалот за нови конфликти ќе бараат непрекинато внимание. Организацијата, оцени министерот, треба да биде способна да им обезбеди поддршка на ранливите региони и да остане флексибилна во справувањето со предизвиците.

Иако Украина ќе остане врвен приоритет, мораме високо на агендата да ги имаме и останатите долготрајни конфликти. ОБСЕ останува релевантен како и досега. Тој има уникатен механизам на располагање за сите земји-членки. Го видовме тој потенцијал во минатото, треба да обезбедиме простор да го достигне својот целосен потенцијал во иднина, рече тој.

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмидрече дека постојат бројни предизвици со кои земјите-членки заедно ќе се соочат. Таа рече дека војната во Украина останува клучен приоритет, но и зачестените „растечки тензии и предизвиците врз демократските вредности“.

Tags: Војна во УкраинаОБСЕпретседавањеприоритетСеверна Македонија
Next Post

Затвореник пукал во затворски полицаец и побегнал додека го носеле во болница

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk