„Отворен Балкан емитува соработка, иако е поставен на економска основа, подразбира соработка на различните. Тој е одлична шанса за потиснување и контратежа на конфликтот меѓу Србија и Косово“ рече националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи, Марјан Забрчанец на конференцијата на Цивил, „Различностите, благодат или проклетство“.
Тој додаде дека иницијативата Отворен Балкан има потенцијал да биде искористен и во економска и политичка смисла како контратежа на ризиците кои доаѓаат од несоработката и непочитувањето на балкански начин.
„Отворен Балкан е пример дека мултикултурализмот може да биде популарен. Оваа иницијатива има поддршка од речиси 80 отсто од популацијата во земјава и го поддржуваат сите етнички заедници“ рече Забрчанец.
Тој рече дека Договорот од Преспа и иницијативата Отворен Балкан се силни за да го одржат регионот на вистинската патека со меѓусебно почитување.