На 325-тиот ден од почетокот на целосната воена агресија против Украина, руските сили денеска извршија силни ракетни напади врз цивилни цели во Украина. Утрово беа погодени повеќе цивилни и инфраструктурни објекти во главниот град Кијив, како и во Харкив на југот од земјата. Ракетирањето продолжи во попладневните часови со напади врз Днипро.
„државата-терорист рф, членка на #ОБСЕ, продолжува да извршува масовни ракетни напади низ Украина сега. Непријателските ракети погодија критични инфраструктурни објекти во неколку области. Под урнатините на зградата уништена од ракети на рф во Днипро се наоѓаат луѓе“ – напиша украинската амбасадорка, Лариса Дир на социјалните мрежи.
државата-терорист рф, членка на #ОБСЕ, продолжува да извршува масовни ракетни напади низ Украина сега. Непријателските ракети погодија критични инфраструктурни објекти во неколку области. Под урнатините на зградата уништена од ракети на рф во Днипро се наоѓаат луѓе.
?@APUkraine pic.twitter.com/Rr8bNi6Rcp
— Larysa Dir (@dir_larysa) January 14, 2023
Цензор.нет објави фотографии од разурнувањата во Днипро од нападот во 15:20 часот попладнево.
Кијивски Инсајдер објави видео од Днипро на кое се гледаат последиците од нападот. Впечатливо е и тоа што цивилите, навикнати на секојдневните напади во воената агресија на нивната земја, која трае веќе 325 дена, се на улиците и не покажуваат знаци на паника.
Секојдневно, руската брутална агресија која таргетира речиси исклучиво цивилни цели и инфраструктура критична за животот на цивилното население, ја покажува потребата од итна воена помош на Украина за да ја подобри својата одбрана. Одамна е очигледно дека повиците за затворање на украинското небо за руските напади со ракети и дронови, се повеќе од оправдани. Притоа, се работи за држава која Европскиот парламент ја прогласи за спонзор на тероризмот, но таа иста држава сѐ уште е членка на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка на Европа). Тоа го потенцира и украинската амбасадорка Дир на социјалните мрежи.
„Украина има потреба да добие системи за противвоздушна и противракетна одбрана, да го затвори своето небо за руските ракети, да ја обезбеди критичната инфраструктура и да ги спаси животите на невини луѓе. Неопходно е да запре злосторството на државата терорист, руската федерација, која е членка на#ОБСЕ“ – напиша украинската амбасадорка Дир.
Ukraine needs to receive air and missile defense systems to close its sky from russia’s missiles, secure critical infrastructure and save lives innocent people.
It is necessary to stop the crime of the terrorist state russian federation as the #OSCE member.— Larysa Dir (@dir_larysa) January 14, 2023
Ракетните напади продолжуваат. Бројот на цивилни жртви во моментов останува непознат. Ова ќе биде уште една долга ноќ за Украина и светот.
Џ. Д.
Извор: ЦИВИЛ МЕДИА