ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

(2023) Сценарио 6/8: Пад на проевропската власт во Северна Македонија

Сценарио број 6 од 8, за Северна Македонија во 2023 година. Сите сценарија се засновани на лични перцепции и проценки, НЕ се врз основа на конкретни изјави и сознанија.

January 16, 2023 22:18
in PMD, ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Фото: Скриншот од протести на 6 јули 2022

Фото: Скриншот од протести на 6 јули 2022

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Линк до СЦЕНАРИО 1/8 | Линк до СЦЕНАРИО 2/8 | Линк до СЦЕНАРИО 3/8 | Линк до СЦЕНАРИО 4/8 | Линк до СЦЕНАРИО 5/8

Сценаријата за уривање на проевропската власт во Северна Македонија се обистинуваат. Политичките лидери на партии што не се на власт или се во владејачката коалиција, сѐ поинтензивно ги уценуваат своите поголеми партнери за да дојдат до повеќе власт и пари. Не се воздржуваат од тоа да влезат во најразлични дилови само за да ги остварат своите цели, макар и по цена да ја урнат постојната владејачка гарнитура.

Медиумската војна се разгорува.

ПОЛИТИЧКИ, МЕДИУМСКИ И БИЗНИС РЕКЕТАРИ

Антидемократските (режимски) инсталации никогаш не заминаа од националниот јавен сервис МРТВ, а инсталирани се и во голем дел од регулаторните и саморегулаторните тела на медиумите. Така, радикализираната и гладна за власт опозиција пред себе има бришан простор. Ним сесрдно им помагаат „разочараните“ и разни други политички, медиумски и бизнис рекетари од безбедна „неутрална“ дистанца или „од внатре“.

Неколку интернет портали упорно ја држат линијата на одбраната на европските вредности, но тоа е битка меѓу Давид и Голијат, со големи шанси Давид да изгуби.

Главните приватни телевизии, кои неколку години богато ги финансираа и странските донатори во земјата, сѐ повеќе го напуштаат и онака лажниот баланс и сѐ поотворено ѝ даваат предност на националистичката, антизападна опозиција на своите програми. Тие сѐ поотворено навиваат и за враќање на бегалецот од правдата, првиот човек на режимот 2006-2016, Никола Груевски.

НЕВЛАДИНИТЕ ФОЛИРАНТИ СЕ ПРИДРУЖУВААТ КОН ОПЕРАЦИЈАТА

Лажно проевропските граѓански организации, по неуспехот на протестите против европската преговарачка рамка (т.н. Француски предлог), на почетокот на годината се притаени и собираат пари од меѓународните донатори. Но веќе кон крајот на пролетта се придружуваат на „операцијата“ за симнување на проевропската влада, во улога на „независни, неутрални и објективни“ експерти.

КАУЗА

Регионалните тензии, како и руската воена агресија, и покрај тоа што Русија сѐ поочигледно ја губи војната, им одат од рака на антидемократските политички, медиумски, НВО и бизнис кругови. Тие релативно лесно успеваат да мобилизираат поголем број граѓанки и граѓани во својата „кауза“ за „одбрана на идентитетот“. Таа „кауза“ сѐ поотворено е на истата линија со лажните повици за мир (читај: поддршката на Путиновата геноцидна војна).

Кризните состојби се продлабочуваат, а коалицијата на власт е дополнително разнишана поради внатрепартиски и меѓупартиски борби.

ПОЛИТИЧКИ ФРАНКЕШТАЈН

Во обид да ја спасат проевропската влада, разните европски мисии успеваат да ги убедат лутите политички ривали да седнат на преговарачка маса за да најдат заеднички јазик околу ЕУ агендата. Така, по мачни преговори, најчесто зад затворени врати, се формира широка „проевропска“ коалиција.

Во тој политички коалиција влегуваат ВМРО-ДПМНЕ и неколку други помали партии, со Наќе Чулев на чело на МВР и Драган Ковачки како министер за одбрана.

Но тогаш почнува да се наѕира колку, всушност, ЕУ со своите најдобри намери успева само да ги влоши состојбите. Од политички лекар, испадна дека е политички Франкештајн.

Целата структура почнува да се распаѓа веќе на крајот од првиот работен ден по формирањето на коалицијата. На секои 2-3 часа избиваат скандали, а функционерите на десничарите во широката коалиција, не само што ја забораваат ЕУ агендата, туку се однесуваат како да се на власт, ама апсолутна.

ТЕРОРИЗАМ И ОДДАЛЕЧУВАЊЕ ОД ЕВРОПСКАТА ИДНИНА

Станува сѐ поочигледно дека предвремени избори се неизбежни. Но тоа истовремено води и кон продлабочување на политичката и економската криза. На портите сѐ посилно чука длабока безбедносна криза.

Како што се продлабочува политичката криза, сѐ почести се вооружени инциденти во кои меѓусебно се пресметуваат одделни радикални групи, како по политичка, така и по етничка основа.

Проруските центри на моќта на Балканот и руската шпионска мрежа во земјата им пружаат огромна поддршка на радикалите, што води кон целосна дестабилизација. Земјата ја потресуваат и неколку терористички напади во кои има и човечки жртви.

Во таква атмосфера, започнуваат подготовки на предвремените парламентарни избори со кои започнува политички процес во кој земјата сѐ повеќе се оддалечува од својата европска иднина.


Ова е шесто од осумте сценарија за Северна Македонија во 2023 година. Сите сценарија се засновани на лични перцепции и проценки, НЕ се врз основа на конкретни изјави и сознанија. Текстот е на места со намерни претерувања и сатира чија цел е да ги насмее, но и замисли читател(к)ите. Сепак, ниту едно сценарио не е невозможно. Дури и осмото.

(2023) Сценарио 1/8: Радикализација на опозицијата, погрешни потези на социјалдемократите, вмровците победуваат на избори, но не составуваат влада
(2023) Сценарио 2/8: Бугарски синдром, шампита-пуч, политичко и законодавно лимбо
(2023) Сценарио 3/8: Ризик по опстанокот на државата
(2023) Сценарио 4/8: ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа
(2023) Сценарио 5/8: Враќање на Груевски

Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Пратениците донесоа неколку законски измени по скратена постапка

May 15, 2025

Мицкоски по средбата со Кошта: Заеднички достоинствено да го одблокираме евроинтегративниот процес, тој се темели на вредности, не на билатерални прашања

May 15, 2025
Костадин Костадинов. Фото: Општина Струмица

Костадинов: Владата на ВМРО ДПМНЕ има душмански пристап кон Струмица и струмичани

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И Латас се вклучи во кампањата на вмровските ботови за ширење на фотомонтажа од „визите“ на Заев и Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk