ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бумерангот на руската пропаганда

January 16, 2023 13:44
in PMD, ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Се сеќавате на она видео од руската пропагандна кујна некаде на крајот на септември или почетокот на октомври минатата година?

Ако не, повелете видете го или потсетете се уште еднаш:

Гледаме како некое типче со „Газпром“ брендирана јакна го затвора вентилот и го запира гасот кон Европа и останатите западни земји и кај нив настапува долга и студена зима.

Ова е само едно повеќето видеа со сличен стил што ги избравме за оваа анализа со заедничка тема за енергетската криза со којашто ќе се соочат Европјани произведени во висококвалитетна, професионална продукција. Сите видеа имаат англиски преводи, што укажува дека се насочени кон странска публика.

 Ако не успее од прва, тогаш обидете се повторно, и повторно и повторно…

Но, видеото што се појави неколку дена пред католички Божик како да го изрази незадоволството на руските пропагандисти од претходно објавените спотови. Веројатно затоа за време на празничните денови ја објавија следната пропагандистичка видео сторија што ви ја презентираме со бизарен наслов „Европа ќе ги изеде своите миленичиња за да го преживее Божик“, инспирирани од прогагандистичката лекција со наслов „Ако не успее од прва, тогаш обидете се повторно, и повторно и повторно…“

Премногу е „гадно“ видеото за да ви го прераскажуваме, но еве го линкот за оние со поздрав желудник:

Голем број пропагандисти на Кремљ помогнаа да се рашири видеото и тоа многу бргу, особено на социјалната мрежа Телеграм, и вкупно со прегледите на другите социјални мрежи зе неколку дена имаше повеќе од еден милион кликови.

Секое објавено видео е сè повеќе откачено и ептен далеку од реалноста. Иако ЕУ минатата година навистина имаше грижи како да обезбеди енергија, особено гас, земјите членки на унијата, па и останатите, ги наполнија складиштата за гас до 80% од капацитетот до почетокот на ноември, како што беше планирано, а до крајот на 2022 година, залихите достигнаа повеќе од 95%. Дополнително, цените на бензините во Европа паднаа на нивоата пред инвазијата на Украина, а цената на гасот дури стана и пониска од онаа во јануари претходната година.

 Којзнае… Можеби ова видео навистина ќе ве убеди да заминете да живеете во Русикја

Едно претходно пропагандистичко видео, кое веројатно го видовте кога руската амабасада во Мадрид го лансираше, доби посебно почесно место во најголемите утки на руската пропаганда.

Видеото е наменето за странци и започнува со кадифест баритон кој на англиски јазик со руски акцент ги повикува странците да се преселат во Русија. Да, да, да се преселат во Русија зашто таму ги очекуваат руските „убави жени, евтин гас и традиционални вредности“.

Ама видеото има неколку сериозни утки. Прво, една од „убавите жени“ прикажана во клипот е украинска манекенка Соња Капитонова, којашто војната ја затекна во Франција и којашто како реакција на видеото изјави дека нејзиниот татко е накаде на фронтот и се бори против руската инвазија.

Но, тоа како да не било доволно, па утките и иронијата продолжуваат, односно започнува со кадар со комунистичкиот грб на Украина со украинско писмо, преку кој кадифестиот баритон вели „Ова е Русија“.

Еве, видете и сами:

 

Tags: анализаруска пропаганда
Next Post

Ѓоковиќ дури на 61. место, колку тежи најбогатиот човек во Регионот?

НАЈНОВО

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

October 27, 2025

Д-р Трајановски: Чист, безбеден и достоинствен Аеродром е мојата визија за современа и хумана општина

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Како Маите можеле точно да ги предвидат затемнувањата на сонцето со векови

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk