ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За Путин, сѐ се одвива според планот

January 17, 2023 12:29
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА 

Кој вели дека и крволочните злосторници какви што се Путин и неговите следбеници не може да изгледаат и како кловнови? Колку и да е грозен и нечовечен режимот на Путин, толку неговите постапки и целата клика околу него, се гротескни и може да предизвикаат смеа. Навистина, таквата смеа неизбежно е придружена со длабоко чувство на гадење, презир и осуда, но доаѓа од тешката глупост на крволочните светски натрапници, грабливци и убијци. Нивната деструктивност и патологија е придружена со таква бесмисленост и нелогичност, што ги прави и комични, освен што предизвикуваат згрозување кое тешко може да се опише со зборови.

Само една од бескрајната низа од контрадикторности беше и веста која го обиколи светот, дека Путиновиот режим изрекува затворски казни за употреба на зборот војна, а не „специјална операција“, самиот го употреби забранетиот збор во свој говор неодамна. Светот го забележа тоа како да е нешто ново за режимот на овој ладнокрвен злосторник и лудак, но тоа беше микроскопски мала „вербална незгода“ во споредба со сите огромни лаги кои го погодуваат рускиот народ и целиот свет цели 23 години откако тој е на власт во Русија.

Од почетокот на целосната инвазија против Украина, Путин упорно тврди дека сѐ се одвива според планот на неговото министерство за одбрана. Така и деновиве, Путин и другите лудаци околу него, нападот на Соледар го нарекуваат „битка за ослободување“.

И ова мало гратче се претвори во машина за мелење месо. Цели бранови на руски војници исчезнуваат за миг, фатени во вкрстен оган меѓу украинските бранители и разбојниците на злосторничката банда наречена „Вагнер“ кои ги убиваат ако сакаат да се повлечат.

Освојувањето на Соледар, стратешки безначајно гратче во близината на Бахмут, Путин се обидува да го прикаже како голема победа. Дека „сѐ се одвива според планот“.

Освен што е лудак, тој е и будала. И патолошки лажго.

Соледар, според извори од самото боиште, сѐ уште се држи. Грдо е и крваво, но се држи. Според изворите од првата линија на уличните битки, линиите на нападот и одбраната се поместуваат напред-назад само по неколку десетици метри.

Војниците пукаат едни на други на оддалеченост од само неколку метри. Можат да се видат и да се слушнат, да ја распознаат бојата на очите на оние во кои пукаат за да им го одземат животот. Едните ја бранат својата земја, другите се дел од крволочна машинерија за освојување на туѓа земја.

Може Соледар и да падне. Но по која цена и што ќе остане од ова мало, воено-стратешки безначајно гратче? Дали тоа е победа за Русите? Невозможно е тоа да се нарече победа.

Но за Путин сѐ се одвива според планот. Злотвор, но и будала.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. 

Tags: Војна во УкраинаПутинЏабир Дерала
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Албанија секој понеделник наставата ќе почнува со националната химна, косовските дипломати во кампања за заштита на признавањето на државата

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk