Во пресрет на Денот на Единството на Украина, утре (сабота) во галеријата на „Мала станица“ во 17 часот ќе биде отворена изложба на фотографии. Изложбата е воедно и најава за премиерата на документарниот филм за војната во Украина „Приспивни сирени“ на Кристина Атовска.
Изложбата е во организација на единствената македонската новинарка која известуваше од Украина, Атовска. На изложбата почесно обраќање ќе има амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир.
„Со оглед на фактот дека фотографиите и филмот покажуваат извршени злосторства против цивили, потребата од единство се наметна како клучен фактор за справување со војната што ја потресе Европа и однесе многу човечки животи“, се вели во најавата за изложбата.