И покрај предизвикот на личниот идентитет кој сите го имаме, убавината е во прифаќањето на различностите и заедничкото делување за заедно да преминеме кон она што го посакуваме, а тоа е целокупен развој на нашата држава, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во изјава за ЦИВИЛ медиа, на единаесетта меѓународна научна конференција „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“во Охрид.
-Концептот едно општество за сите е полн со предизвици, јас бев вклучен во овој проект од самиот почеток, дури и бев дел од креаторите на Стратегијата. За жал реалноста е таква што според овој е концепт луѓето или ќе почнат да го живеат “Едно општество за сите“ или никогаш тој не може да ја види светлината на таков начин на кој би требало да ја види, додаде Битиќи.
Тој потенцираше дека живееме во ера во која веројатно поединецот повеќе го бара своето јас отколку што може да направи за другите, но сепак во изминатите 30 години преку поединецот, сепак успеавме во прифаќање на различностите да ја покажеме силината на нашата држава.
Затоа Битиќи смета дека процесот развоен и еволуира и се развива но ни требаат доста позитивни примери затоа што само така луѓето ќе веруваат дека тоа е возможно.
-Најверојатно во поразвиените држави на економски план, овој концепт веќе се живее и таму не треба да се зборува, а таквите позитивни примери мора да ги истакнуваме. Јас сум имал среќа да живеам и во други земји во кои што поединецот е битен како човек што може да придонесе во севкупниот развој во општеството во кое живее и затоа велам дека е процес и никогаш не може да замре, а новите генерации ќе го најдат својот пат да живеат еден покрај друг и заедно да ја креираат својата иднина, рече Битиќи.
Соња Танеска
Камера/монтажа/фото Ариан Мехмети
Извор: Цивил Медиа