ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Битиќи: Од аспект на енергетска криза 2023 година е соодветно испланирана, нема да е лесна но нема да влеземе во рецесија

January 22, 2023 13:12
in ДЕНЕС, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сметам дека и минатата година се зафативме сериозно со предизвиците и на енергетската и на економската криза, докажавме дека нема да дозволиме да сето тоа падне на грбот на граѓаните, сите го споделуваме ризикот, особено што 2022 година беше навистина тешка економска година, вели за ЦИВИЛ медиа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

-Оваа 2023 година е соодветно испланирана, од аспект на енергетската криза соодветно ќе се справиме, впрочем во почетокот на годината ставени се на располагање сите енергетски капацитети, најверојатно после 20-тина години се случува уште еднаш да има такво домашно производство на струја, додава тој.

 

Според Битиќи веќе имаме сигурни извори на гас, не можеме да кажеме дека сме ранливи како што бевме пред една година.

-Гасоводот преку Бугарија со којшто можевме да донесеме само руски гас од оваа година можеме да донесеме и друг гас, од аспект на производство на електрична енергија од јаглен имаме зголемен ископ од домашните капацитети, дополнително имаме и договори за увоз на јаглен, а исто така има сериозни инвестиции во обновливи извори на енергија, вели Битиќи

Тој се надева дека наскоро ќе биде затворена и тендерската постапка за избор на концесионер на Чебрен, које повеќе децениска желба на повеќето влади и после 18 години има сериозни изгледи за да избереме компанија која би го градела.

 

-Сето ова дава навистина има добри изгледи да верувам дека 2023 година и покрај тоа што ќе биде економски тешка дека нема да дозволиме да влеземе во рецесија како економија и веќе во 2024 година ќе можеме да се стабилизираме, вели Битиќи.

Според него годинава проекциите се дека ќе имаме 2,5 проценти раст, за да до 2025 година стигнеме до раст од 5 проценти, нешто што на среден рок сакаме да го постигнеме, одржиме и дури и зголемиме, а наспроти тоа сериозно сме влезени во среднорочно и долгорочно планирање на нашата земја во сите области.

-При крај сме со процесот на националната развојна стратегија, која еднаш засекогаш ќе даде јасна визија за нашата земја во наредните 20 години, каде сме и каде сакаме да се движиме, во сите области, какво образование сакаме да имаме во нашата земја во наредните 20 години, какви деца, со какви вештини, за каков пазар на труд ќе одговорат тие деца, дали се уште ќе сакаме да креираме образовани кадри кои на крајот на денот остануваат невработени, затоа што пазарот на труд тоа не го бара или деца кои ќе знаат умешно да се справуваат со вештачката интелегенција, мегатрониката, роботиката и другите вештини кои четвртата генерација индустријализацијата ги бара, појаснува Битиќи.

Според него сите овие работи  ќе добијат одговор соодветен во националната развојна стратегија за која толку многу зборуваме а толку малку гледавме дела во изминатиот период.

-Имав интересна дискусија со моите колеги и ми рекоа зошто толку храбро зборуваме за нова работна сила која е потребна на пазарот, затоа што за жал во последните 10 години имавме голем одлив на работоспособно население и таа празнина која е создадена во државата мора да се надополни затоа што ќе биде изгубена можност. Што правиме со нашите сограѓани кои се уште не се вработени, и за нив секако има простор за вработување но сите ние заедно со нив треба конечно да седнеме и да разговараме дека мора да се промениме сите, мораме ние како креатори на политики да менуваме политики, мора луѓето да се менуваат со дополнителни вештини и квалификации за да одговорат на пазарот на трудот, вели Битиќи.

Тој додава дека ако има работна сила која може да е поевтина и таа да ја увеземе, а нашите сограѓани да ги доквалификуваме за подобро платени работни места, а се друго што може да биде увезено за да креираат и да исполнуваат работни задачи кои се пониско платени.

-Тоа е во суштина битието на миграцијата и нашите сограѓани кога одат во Германија секако исполнуваат работни места кои се пониско платени наспроти луѓето кои живеат во Германија исто така и Германците кога одат во Норвешка не секогаш ги добиваат најдобрите позиции и високоплатени позиции, туку пополнуваат работни места кои некои граѓани на Норвешка не би сакале на таа позиција да ги работат, појаснува Битиќи.

Во поглед на промените на субвенционирањето тој вели дека има низа на предизвици, каде за жал сме биле очевидци дека не секогаш пристапот кон управување кон јавните средства бил добар и императив.

-Но на оваа влада и моја лична етика е дека јавните средства се свети бидејќи им припаѓаат на нашите сограѓани, ни припаѓаат нам и треба грижливо да се однесуваме како што се однесуваме кон нешто свето кое ни значи и затоа кога зборуваме за ефикасност на делењето државни пари, мора да знаеме дали еден денар којшто ќе отиде на некое место навистина ќе може да креира додадена вредност, заклучува Битиќи.

Според него ако не ја креираат оваа додаден вредност тоа не е ефикасно користењето на јавните средства и токму затоа годинава  ќе настанат промени и ќе биде воведен целосен нов систем на располагање и управување со јавните средства , а напоредно со тоа можеме да се согласиме дека не може да има развој ако на ефикасен начин не се користат ресурсите па и човечките.

 

Соња Танеска

Фото/камера/монтажа Ариан Мехмети

 

Извор: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Битиќиекономска кризаработна силарецесијасубвенции

НАЈНОВО

Гувернерот на Банката на Франција со капче „Да ја направиме Европа повторно голема“

July 5, 2025
Скриншот

Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

July 5, 2025
Фотомонтажа: Коалиција Маргини

Коалиција Маргини: Репродукција или казна – Како власта ни ја дисциплинира иднината

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk