Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Платежната агенција Никица Бачовски ја посетија компанијата за преработка на земјоделски стопанства и рибни производи, „МЕТРО“.
„Оваа компанија е уште една успешна ИПАРД приказна. Со средствата добиени преку ИПАРД Програмата набавуваат виљушкари, ладилна опрема и боксови за преработка на прехранбени производи со што си го модернизираат и олеснуваат производство. Гордо можеме да кажеме дека како држава сме лидери во регионот по искористеност на сретствата од ИПАРД 2 програмата, која достигнува до 98%, со склучени 2.369 договори.
Денес државата не враќа назад со камати нереализирани средства од ИПАРД програмата, туку бара дополнителни средства за да може да се реализираат сите ИПАРД проекти. Ваквите успешни ИПАРД приказни, како оваа каде што сме денес, а ги имаме во секој град и во секое едно село, ќе бидат новиот успех со кој како држава ќе можеме да се гордееме.“, рече Николовски.
Извор: Агротим