ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕУ: Репресијата на Лукашенко достигна невидено ниво, сега ги погодува и децата

January 25, 2023 21:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија денеска оцени дека репресијата на белоруските власти достигнала невидено ниво, дека сега ги погодува и децата и повторно побара итно ослободување на сите политички затвореници.

„Минатата недела, судот во Брест донесе уште една срамна и политички мотивирана пресуда за поддршка на репресијата на режимот на (претседателот Александар) Лукашенко врз народот на Белорусија. Дарја Лосик е осудена на две години затвор бидејќи во интервјуа го бранеше својот сопруг Ихар Лосик од измислени обвиненија и му се пожали на Лукашенко за пресудата против него“, соопшти Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Службата, предводена од шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, соопшти дека Ихар Лосик е осуден на 15 години затвор во декември 2021 година поради водење популарен блог и дека се наоѓа во затвор со максимална безбедност.

„Бидејќи неговата сопруга сега е осудена, нивното четиригодишно дете остана без родители. Овој нехуман третман на белоруските граѓани мора да престане. ЕУ го повторува своето барање за итно ослободување на политичките затвореници“, се вели во соопштението.

Се додава дека во Белорусија „речиси секој ден има нови примери на произволни и сурови казни на политички судења зад затворени врати“.

„Репресијата на режимот на Лукашенко достигна невидено ниво, со повеќе од 1.440 политички затвореници, а сега ги погодува најранливите, децата. Европската Унија ќе продолжи да ги поддржува сите луѓе кои се стремат кон слободна, демократска и независна Белорусија“, наведува ЕЕАС.

Извор: МИА

Tags: белорусијаЕУЛукашенкорежимсурови казни
Next Post

Национален електронски идентитет- граѓаните со личната карта ќе вршат електронска идентификација и електронско потпишување

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk