Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази задоволство од одлуката на Германија да дозволи испораки на тенкови од германско производство на Украина.
„Силно ја поздравувам одлуката на германискиот Бундестагот, за обезбедувањето на тенковите Леопард2 за Украина“, напиша Столтенберг на Твитер. Тој истакна дека одлуката на Берлин била договорена со сојузниците од Алијансата.
I strongly welcome the leadership of @Bundeskanzler & #Germany in providing #Leopard2 tanks to #Ukraine in consultation with other #NATO Allies & partners. At a critical moment in Russia’s war, these can help Ukraine to defend itself, win & prevail as an independent nation.
— Jens Stoltenberg (@jensstoltenberg) January 25, 2023
Генералниот секретар уште додава дека во овој клучен час од војната што ја започна Русија, одлуката може да и помогне на Украина да се одбрани, да победи и да опстане како независна земја.