ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Мора да ставиме крај на провокациите, немаме добиено официјална потврда за повлекувањето на Ангелов

January 26, 2023 14:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска од собраниската говорница изрази жалење за последните активности од страна на официјална Софија. Ја нагласи потребата од деескалација на односите и апелираше да се продолжи ладнокрвно и внимателно.

„Мора да ставиме крај на таквите провокации, но секогаш да имаме предвид дека се тоа групи заинтересирани да ги киднапираат односите поради многу други причини, вклучувајќи и трети страни. И ние и бугарската влада не смееме да потклекнеме под провокациите и намерите на провокатори и киднапери кои сакаат да ни ја киднапираат европската иднина или да го влошат имиџот што го изградивме како држава“, рече Османи, одговарајќи на пратеничко прашање на денешната собраниска седница.

Според него, треба да продолжиме ладнокрвно, внимателно да го зачуваме тој имиџ да изградиме стратегија за заштита на државните интереси, а не, како што рече, „да јаваме на бранот на јавноста“.

– Јас реков сезоната на лов на провокатори и политички профитери е почната и секој ќе се обиде на вакви сензитивни теми да го изгради својот наратив, кажа Османи.

Република Северна Македонија, како што истакна Османи, покажала силен, демократски и институцинален капацитет и низ брза ефикасна постапка го стави последниот инцидент низ правосудните процеси, откривајќи и приведувајќи сторител на кривично дело против кого активно се водат истражни дејствија.

– Нашата осуда беше откако обвинителството во Охрид имаше првична проценка дека инцидентот е поради елементи на идентитетски или етнички обележја, рече Османи.

Во изјава на Радио Слободна Европа, шефот на македонската дипломатија информира дека македонското МНР нема добиено официјална потврда дали повлекувањето на бугарскиот амбасадор е поради претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид.

– Доколку повлекувањето на бугарскиот амбасадор од Македонија е поврзано со инцидентот кој се случи во Охрид, тоа би го сметал за диспропорционална акција, бидејќи станува збор за индивидуален инцидент за кој државата ги презеде сите можни мерки, изјави Османи за Радио Слободна Европа.

Официјална Софија вчера го повлече нејзиниот амбасадор од Северна Македонија. Денеска реагираше и македонското МНР кое смета дека последните активности на официјална Софија не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи и дека претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји.

Tags: бугаријаБујар Османидеескалација
Next Post

Румен Радев и вокабуларот на Кремљ

Shortcut

Најново

Мицкоски: За новиот клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, кој заедно со  „8 Септември“ и поликлиниката Букурешт би бил еден целосен комплекс

June 9, 2026

Тошковски: Со поддршка од EU4FAST ја зајакнуваме борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе

June 9, 2026

Петровска: Власта нема капацитет за реформи и ја губи довербата во институциите

June 9, 2026

Како од 24 часа се прават 48

June 9, 2026
Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

June 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk