ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Брисел уште еднаш ја нагласи отворената врата од ЕУ, до нас е да ги завршиме домашните задачи

January 27, 2023 12:49
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА

Вчерашната посета на вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во Брисел беше одбележана со потврда на недвосмислената поддршка од нашите европски партнери за Северна Македонија и нејзиниот пат до полноправното членство во Европската Унија. Сепак, сите забележаа дека е потребно обединување и политички консензус за продолжување и остварување на европската перспектива.

Откако во јули минатата година земјава формално ги започна преговорите за членство во ЕУ започнувајќи го скринингот, пред отворањето на првите поглавја од Северна Македонија се очекува промена на Преамбулата на Уставот, а потоа и забрзан процес на реформи со цел остварување на целта – членство во ЕУ до 2030 година.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји на средбата со Маричиќ ја потврди поддршката за земјава, но и побара успешно и брзо спроведување на реформите и политичко обединување околу остварувањето на стратешката цел, членство во ЕУ и уставните измени. Според него, со изгласувањето на уставните измени ќе се загарантира европската перспектива на земјава.

Слична порака пристигна и од новиот генерален директор на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман. Тој порача дека ЕУ ги препознава и цени високото ниво на подготвеност и ентузијазмот кај македонските преговарачки групи. Копман порача дека фокусот на преговорите ќе бидат реформите, пред се во Поглавјата 23 и 24, односно владеењето на правото и борбата против корупцијата.

За односите со Бугарија, европските претставници истакнаа дека е потребно сите проблеми да се решаваат врз европските вредности, на европски начин и со меѓусебно почитување. Бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук на средбата со Маричиќ се согласи дека и покрај сите провокации и обиди за нарушување на односите, граѓаните на двете земји се залагаат за соработка  и добрососедство кои носат благосостојба за двете држави и двата народи. Маричиќ и Ќучук се согласија дека таа опција е и побројна, и посилна и дека со сигурност ќе надвладее во оваа ситуација.

Апели за смиреност и осуда на изјавите на Џамбаски пристигна и од евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, за кого изјавите на Џамбаски се неприфатливи и за осуда. Гир кажа дека ваквите изјави не ги одразуваат вредностите на кои е основана ЕУ.

Во меѓувреме, Северна Македонија успешно го спроведува скрининг процесот во Брисел, каде што во неделава се разговара за Поглавјата 6 и 7 – права на трговските друштва и право на интелектуална сопственост. Македонскиот преговарачки тим го претставува постигната и се што е направено поврзано со овие поглавја.

По завршувањето на скринингот, што се очекува да биде до ноември оваа година и изгласувањето на уставните измени, Северна Македонија ќе започне да ги отвора поглавјата од преговорите со ЕУ, односно првиот кластер „Темели“ и да ги спроведува реформите кои ќе ги донесат европските вредности и правила дома.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бојан МаричиќБриселЕУОливер Вархејискрининг
Next Post

Шолц: Не се заборавени страдањата на шест милиони убиени невини Евреи, ниту страдањата на преживеаните

НАЈНОВО

Судијката Ема Никочевиќ се врати на терен по успешна операција на д-р Венко Филипче

August 6, 2025

Зголемен број пациенти со убоди од инсекти во Куманово

August 6, 2025

СДСМ: Министерство на хартија, без резултати, без план – ВМРО-ДПМНЕ ги изневери младите

August 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трибините – огледало на политиката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани остануваат без вода поради расипништвото и немарноста на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk