ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Конзервативните и крајно десничарските шпански лидери обвинети за навреда на муслиманите

January 27, 2023 21:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Конзервативните и крајно десничарските шпански политички лидери се обвинети дека навредувале и се обиделе да ги стигматизираат мулиманите и мигрантите.

Тие се обидоа да ги стигматизираат муслиманите и мигрантите по наводниот терористички напад на исламистите врз две цркви во јужниот шпански град Алхесирас, во кој загина еден црковен службеник, а четири лица беа повредени, објави денеска „Гардијан“.

Мароканскиот напаѓач (25) е уапсен и останува во притвор. Прелиминарниот извештај на судијата кој го истражува инцидентот сугерира дека убиството е извршено „во терористички цели“ и е поврзано со „салафистички џихадизам“.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка изјави дека осомничениот досега не сторил кривични дела и дека е осуден за илегална миграција и нерегуларен престој во Шпанија. Злосторството веднаш го осудија христијанските, муслиманските и еврејските групи, додека членовите на коалициската влада предводена од социјалистите во Шпанија ги осудија реакциите на лидерите на конзервативната Народна партија и крајно десничарската партија Вокс. Осуди пристигнаа и од мигрантски и антирасистички невладини организации.

Лидерот на Народната партија, Алберто Нуњез Фејо вчера изјави дека христијаните одамна престанале да убиваат во име на својата вера, но дека има луѓе кои убиваат во име на Бог или во име на религијата.

Шпанската министерка за образование и портпарол на шпанската Социјалистичка работничка партија, Пилар Алегрија по повод таа изјава на лидерот на Народната партија на Твитер напиша: „Понекогаш е подобро да ја држиш устата затворена и да изгледаш одговорно отколку вака да зборуваш“.

Фејо подоцна се обиде да ги разјасни своите забелешки, инсистирајќи на тоа дека ниту една религија не треба да биде стигматизирана.

„Очигледно тоа што се случи нема врска со религиите; не можете да криминализирате ниту една религија. Фанатизмот е една работа, а религијата е друга работа. Тоа е она што го мислам. Но, кажувајќи го тоа, мислам дека сите можеме да се согласиме дека воопшто не постои проблем со католичкиот тероризам во светот. Меѓутоа, има проблем со исламскиот фундаментализам во одредени делови од светот, а исто така и во некои исламски земји“, рече Фејо.

Мароканец вооружен со мачета завчера влегол во црквата „Сан Исидро“ во градот Андалузија и тешко повредил свештеник пред да замине во блиската црква „Нуестра Сењора де ла Палма“ каде го убил црковниот службеник Диего Валенсија, а во насилството се повредени три лица.

Извор: МИА

Tags: Конзервативни лидерикрајно десничарски шпански лидеримигрантимуслимани
Next Post

Ахмети: Уставните измени мора да се направат, а неопходен е и ветинг

Shortcut

Најново

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

August 31, 2026

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk